Исаија
49 Чујте ме, острови,*+ слушајте, далечни народи!+ Јехова ме повика+ додека бев во мајчината утроба.+ Пред да ме роди мајка ми, тој го спомна моето име.+ 2 Тој ја направи мојата уста како остар меч.+ Ме засолни+ во сенката+ на својата рака. Ме направи наострена стрела. Ме скри во својот тул. 3 И ми рече: „Ти си мој слуга, Израеле,+ врз тебе ќе ја покажам својата убавина“.+
4 А јас реков: „Попусто се трудев.+ За ништо и напразно си ја трошев силата.+ Но кај Јехова е мојата правда,+ кај Бог е мојата плата“.+ 5 И сега Јехова, кој ме оформи во мајчината утроба за да бидам негов слуга,+ ми вели да му го доведам назад Јаков,+ за да се собере кај него Израел.+ Јас ќе се прославам во очите на Јехова, мојот Бог ќе биде мојата сила. 6 Тој рече: „Не е малку тоа што си мој слуга кој ќе ги крене племињата на Јаков и ќе ги доведе назад зачуваните синови на Израел.+ А те поставив и за светлина на народите,+ за да допре моето спасение до крајот на земјата“.+
7 Вака му вели Јехова, Откупителот на Израел,+ неговиот Светец, на оној кого длабоко го презираат,+ на оној што му е одвратен на народот,+ на оној што им е слуга на владетелите:+ „Поради она што ќе го видат, царевите ќе станат,+ а и кнезовите, и ќе се поклонат поради Јехова, кој е верен,+ поради Светецот Израелов, кој те избра“.+
8 Вака вели Јехова: „Во времето на својата милост* те услишив,+ во денот на спасението ти помогнав.+ Те чував за да те поставам за сојуз на народот,+ за да се обнови земјата,+ за повторно да се поделат опустените наследства,+ 9 да им се каже на затворениците:+ ‚Излезете!‘+ — а на оние што се во темнина:+ ‚Покажете се!‘+ Ќе наоѓаат паша крај патиштата, и сите разгазени патеки ќе им бидат пасишта.+ 10 Нема да огладнат+ ниту да ожеднат,+ нема да ги измачува жега ниту сонце,+ зашто ќе ги води оној што има сомилост кон нив,+ тој ќе ги води на водните извори.+ 11 Сите свои планини ќе ги претворам во патишта, и моите друмови ќе ги издигнам.+ 12 Гледај, едни ќе дојдат оддалеку,+ едни од север+ и од запад,+ а едни од земјата Синим“.
13 Извикувајте од радост, небеса,+ радувај се, земјо!+ Веселете се, планини, и викајте радосно!+ Зашто, Јехова го утеши својот народ,+ им се смилува на своите страдалници.+
14 А Сион велеше: „Јехова ме остави,+ Јехова ме заборави“.+ 15 Може ли жена да го заборави своето доенче и да не му се смилува на синот на својата утроба?+ Ако таа и го заборави него,+ јас нема да те заборавам тебе.+ 16 Гледај, те врежав на дланките.+ Твоите ѕидови ми се постојано пред очи.+ 17 Се брзаат твоите синови. Твоите рушители и пустошници ќе си отидат откај тебе. 18 Крени ги очите и погледни наоколу! Сите тие се собрале+ и идат кај тебе. „Како што сум жив јас“, вели Јехова,+ „сите нив ќе ги ставиш како накит и ќе си ги закачиш на себе како невеста.+ 19 Иако твоите населби се опљачкани и опустошени и твојата земја е во урнатини,+ уште сега во тебе има толку многу жители што е претесно за живеење — зашто, далеку се оние што те проголтуваа+ — 20 а сепак сѐ повеќе и повеќе синови ќе доаѓаат кај тебе, која беше без деца, и со свои уши ќе слушаш како велат:+ ‚Ова место ни е претесно.+ Поместете се за да се населиме и ние!‘+ 21 А ти ќе речеш во своето срце: ‚Кој е нивниот татко што ми ги дал? Зашто, јас сум жена без деца и неплодна, протерана и заробена.+ Кој ги одгледа?+ Ете, јас бев останата сама,+ а каде беа тие?‘ “+
22 Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, ќе им ја подигнам на народите+ својата рака, ќе им го подигнам на народите својот собирен знак.+ И ќе ги доведат твоите синови во прегратка, ќе ги носат твоите ќерки на рамења.+ 23 Цареви ќе бидат твои старатели,+ а нивните кнегињи ќе ти бидат доилки. Ќе ти се клањаат со лицето доземи+ и ќе ја лижат правта+ од твоите нозе. И тогаш ќе знаеш дека јас сум Јехова и дека нема да се посрамат оние што се надеваат на мене“.+
24 Може ли да му се одземе на силникот она што го одзел,+ можат ли заробениците да му побегнат на угнетувачот?+ 25 Но, вака вели Јехова: „Ќе му ги одземат на силникот неговите заробени,+ ќе му побегнат на насилникот оние што ги грабнал.+ Јас ќе му се спротивставам на оној што тебе ти се спротивставува,+ и јас ќе ги спасам+ твоите синови. 26 На оние што те малтретираат ќе им дадам да го јадат своето месо, со својата крв ќе се опијат како со вино.* И тогаш ќе знаат сите луѓе дека јас, Јехова,+ сум твојот Спасител+ и твој Откупител,+ Силата на Јаков“.+