Лука
8 Кратко потоа, почна да оди од град во град и од село во село, проповедајќи и објавувајќи ја добрата вест за Божјето царство.+ Со него беа и дванаесеттемина 2 и некои жени,+ кои беа излекувани од зли духови и од болести: Марија наречена Магдалена, од која беа излегле седум демони,+ 3 потоа Јоана,+ жената на Хуза, Иродовиот настојник, и Сусана, и многу други жени, кои им служеа со она што го имаа.
4 Кога се собра многу народ, заедно со луѓето што дојдоа кај него од многу градови, тој им рече во една споредба:+ 5 „Еден сејач излезе да сее семе. Додека сееше, дел од семето падна покрај патот, и беше изгазено и птиците небесни го исколваа.+ 6 Друг дел падна на каменито место, но кога никна, се исуши, зашто немаше влага.+ 7 А дел падна меѓу трња, и трњата нараснаа со него и го задушија.+ 8 А дел падна на добра земја и, откако никна, донесе стократен плод“.+ Кога го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, нека слуша!“+
9 Неговите ученици го прашаа што значи таа споредба.+ 10 Тој одговори: „Вам ви е дадено да ги разберете светите тајни на царството Божје, а на останатите им се зборува во споредби,+ за да гледаат, а да не видат, и да слушаат, а да не разберат.+ 11 А споредбата+ значи ова: семето е речта Божја.+ 12 Тоа што паднало покрај патот се оние што слушаат,+ но потоа доаѓа Ѓаволот+ и ја одзема речта од нивните срца за да не веруваат и да не бидат спасени.+ 13 Она на каменито место се тие што радосно ја прифаќаат речта кога ќе ја чујат, но немаат корен. Веруваат некое време, но во време на искушение отпаѓаат.+ 14 А она што паднало меѓу трња, тоа се оние што слушаат, но бидејќи се одвлечени од грижите, од богатството и од задоволствата+ на овој живот, се задушуваат и не донесуваат зрел плод.+ 15 А она што е на добра земја, тоа се оние што ја слушаат речта со чисто и добро срце,+ па ја задржуваат и истрајно донесуваат плод.+
16 Никој не пали светилка за да ја покрие со сад или за да ја стави под кревет, туку ја става на светилник за да ја видат светлината оние што влегуваат.+ 17 Зашто, нема ништо тајно+ што нема да се открие, и нема ништо скриено што нема да се дознае и да излезе на видело.+ 18 Затоа, внимавајте како слушате, зашто, на оној што има, уште ќе му се даде,+ а на оној што нема, ќе му се одземе и она што мисли дека го има“.+
19 А кај него дојдоа мајка му и неговите браќа,+ но поради мноштвото не можеа да пријдат.+ 20 Тогаш некој му јави: „Мајка ти и твоите браќа стојат надвор и сакаат да те видат“.+ 21 Тој им одговори: „Моја мајка и мои браќа се овие што ја слушаат речта Божја и ја извршуваат“.+
22 Еден ден тој и неговите ученици влегоа во чамец. И им рече: „Да преминеме на другата страна од езерото!“ И така отпловија.+ 23 Додека пловеа, тој заспа. Тогаш над езерото се спушти силен бурен ветар и чамецот почна да се полни со вода, па беа во опасност.+ 24 Тогаш му пријдоа и го разбудија, велејќи: „Учителе, учителе, ќе загинеме!“+ Тој стана, им се закани+ на ветрот и на разбеснетата вода, и тие стивнаа, па настапи тишина. 25 Тогаш им рече: „Каде ви е верата?“ А тие се исплашија и зачудено се прашуваа еден со друг: „Кој ли е овој што им заповеда и на ветровите и на водата, и тие го слушаат?“+
26 И допловија во герасинскиот крај, кој е спроти Галилеја.+ 27 Кога излезе на копно, го сретна еден човек од градот, кој беше обземен од демони. Веќе подолго време не носеше облека и не живееше во куќа, туку на гробишта.+ 28 Кога го здогледа Исус, крикна и падна ничкум пред него, па извика на цел глас: „Што имам јас со тебе,+ Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те молам, не мачи ме!“+ 29 (Зашто, Исус му заповеда на нечистиот дух да излезе од човекот. Имено, демонот веќе долго време имаше власт над него+ и, иако човекот го врзуваа со синџири и го чуваа во окови, тој ги кинеше оковите и демонот го тераше да оди во пуст крај.) 30 Исус го праша: „Како ти е името?“ Тој одговори: „Легија“,* бидејќи во него беа влегле многу демони.+ 31 И го молеа+ да не им заповеда да одат во бездната.+ 32 А таму на ридот пасеа голем булук свињи.+ И го преколнуваа да им дозволи да влезат во нив.+ И тој им дозволи. 33 Тогаш демоните излегоа од човекот и влегоа во свињите, а булукот јурна во езерото преку стрмната карпа и се удави.+ 34 А кога видоа што се случи, свињарите побегнаа и го разнесоа гласот за тоа по градот и по околината.+
35 Тогаш луѓето излегоа да видат што се случило. Дојдоа кај Исус и го најдоа човекот од кого беа излегле демоните како седи до Исусовите нозе облечен и со здрав ум. И се исплашија.+ 36 А очевидците им раскажаа како беше оздравен човекот обземен од демони.+ 37 Затоа сиот народ од герасинската околина го замоли да си оди откај нив, зашто ги беше обзел голем страв.+ Тогаш влезе во чамецот и се врати. 38 А човекот од кого излегоа демоните го молеше да му дозволи да го земе со него, но тој го отпушти, велејќи му:+ 39 „Врати се дома и раскажувај им на сите што ти направи Бог!“+ И човекот замина, објавувајќи по целиот град што му направи Исус.+
40 Кога Исус се врати, народот љубезно го прими, зашто сите го очекуваа.+ 41 И гледај, дојде еден човек по име Јаир, кој беше настојник на синагогата. Се фрли пред нозете на Исус и почна сесрдно да го моли да влезе во неговата куќа,+ 42 бидејќи имаше ќерка единица на околу дванаесет години, која беше на умирање.+
Додека тој одеше, мноштво луѓе се туркаа околу него.+ 43 А една жена дванаесет години страдаше од крвавење+ и никој не можеше да ја излекува.+ 44 Таа му пријде одзади и го допре работ+ на неговата облека,+ и крвавењето веднаш ѝ престана.+ 45 А Исус праша: „Кој ме допре?“+ Бидејќи сите го одрекуваа тоа, Петар рече: „Учителе, мноштвото те турка и те притиска“.+ 46 Но Исус рече: „Некој ме допре, бидејќи осетив дека од мене излезе+ сила“.+ 47 Кога виде дека не може да се крие, жената дојде треперејќи, се фрли пред него, па пред целиот народ раскажа зошто го допрела и дека веднаш оздравела.+ 48 А тој ѝ рече: „Ќерко, твојата вера те оздраве.+ Оди си во мир!“+
49 Додека уште зборуваше, дојде некој од домот на настојникот на синагогата и рече: „Ќерка ти умре, не мачи го повеќе учителот!“+ 50 Кога го чу тоа, Исус му рече: „Не плаши се! Само верувај,+ и таа ќе биде спасена!“ 51 Кога дојде во куќата, не му дозволи никому да влезе со него, освен на Петар, Јован и Јаков, како и на таткото и мајката на девојчето.+ 52 А сите плачеа за неа и ја оплакуваа. Тогаш Исус рече: „Не плачете,+ зашто таа не е умрена, туку спие!“+ 53 Но тие му се потсмеваа, бидејќи знаеја дека е умрена.+ 54 А тој ја зеде за рака и извика: „Девојко, стани!“+ 55 И таа повторно оживеа*+ и веднаш стана,+ а тој заповеда да ѝ дадат да јаде.+ 56 Нејзините родители беа избезумени од радост, но тој им заповеда никому да не кажуваат што се случило.+