ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g95 8/7 стр. 15
  • Едноувата богомолка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Едноувата богомолка
  • Разбудете се! 1995
  • Сличен материјал
  • Окото на еден морски рак
    Разбудете се! 2010
  • Содржина
    Разбудете се! 2010
  • Вашиот слух — дар што треба високо да се цени
    Разбудете се! 1998
  • Најмалиот лилјак на светот
    Разбудете се! 2010
Разбудете се! 1995
g95 8/7 стр. 15

Едноувата богомолка

Пред многу векови, грчките легенди ги опишувале страшните киклопи, еднооки џинови кои живееле во некоја далечна земја. Овие деформирани чудовишта постоеле само во бујната фантазија на луѓето.

Меѓутоа, научниците неодамна неочекувано откриле мноштво едноуви суштества — и тоа пред нос. Тоа се богомолките.

Зошто тајната на богомолката дури сега излегла на виделина? Научниците долго време сметале дека богомолката мора да е глува, затоа што не прави никакви звуци и не реагира на звук како другите инсекти. За да бидат работите позбунувачки, увото на богомолката не ѝ е на главата, каде што би се очекувало. Списанието Natural History објаснува дека увото е „длабок рез, долг околу еден милиметар“, на долната страна од телото на богомолката.

Зарем не е малку незгодно да имаш само едно уво и тоа на такво неверојатно место? Ние луѓето ги користиме двете уши за да одредиме од каде доаѓа некој звук. Богомолката очигледно може да живее и без таа способност. Нејзиниот слух е така направен за да ја предупреди на ситуации кои се опасни по живот. Таа поседува вграден сонарен детектор.

Увото на богомолката реагира на ултрасонични звуци, особено на звуците што ги создава лилјакот кога е во лов по инсекти како што е богомолката. Natural History известува дека научниците забележале дека богомолката брзо бега кога доаѓа лилјак, благодарение на својот изострен ултрасоничен слух. Но, како може богомолката да му побегне на лилјакот кој може да лета три или четири пати побрзо од својот плен?

Кога богомолката ќе го открие ултрасоничниот сигнал за опасност — обично кога лилјакот е во радиус од околу 10 метри — во дел од секундата вратоломно пикира. Очигледно, тоа го постигнува така што намерно го прекинува летот — одбранбен маневар сличен на оној што го прават современите пилоти — борци. Всушност, Natural History коментира дека богомолката „дава современа лекција по воздушна борбена стратегија“.

Како научила богомолката таква ‚современа воздушна борбена стратегија‘? Кој ја измислил нејзината ултрасонична слушна опрема? Секако, логичниот одговор го дал патријархот Јов: „Кое од сите созданија не знае, дека раката на Господа го создала“? (Јов 12:9)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели