ПРАВЕЊЕ ПОВТОРНИ ПОСЕТИ
ЛЕКЦИЈА 7
Истрајност
Начело: „Без престан поучуваа и ја објавуваа добрата вест“ (Дела 5:42)
Што направил Павле?
1. Гледај го ВИДЕОКЛИПОТ или прочитај Дела 19:8-10. Потоа размисли за следниве прашања:
а) Од каде знаеме дека Павле истрајал во проповедањето на добрата вест?
б) Колку често Павле ги посетувал оние што покажале интерес и колку долго го правел тоа?
Што учиме од Павле?
2. Потребно е да вложуваме труд и време за да правиме делотворни повторни посети и за да започнуваме библиски курсеви.
Следи го примерот на Павле
3. Биди спремен да го посетиш лицето во време што нему му одговара. Прашај се: „Кога и каде најверојатно би му одговарало да разговараме?“ Биди спремен да го посетиш дури и ако тоа време не ти одговара најмногу.
4. Договори се со лицето кога да разговарате повторно. На крајот од секој разговор, обиди се да се договориш со лицето кога повторно да го посетиш. Труди се да се држиш за договореното.
5. Не губи надеж. Немој да мислиш дека некој не е заинтересиран само затоа што ретко го наоѓаш дома или затоа што честопати е зафатен (1. Кор. 13:4, 7). Наместо тоа, продолжи да се обидуваш да го најдеш лицето дома, но од друга страна мудро користи го времето (1. Кор. 9:26).