2. Царевите
5 Нааман,+ заповедникот на војската на сирискиот цар, беше голем и многу ценет човек пред својот господар, зашто преку него Јехова ѝ даде победа на Сирија.+ Но тој смел и силен човек беше лепрозен. 2 Еднаш четите на Сиријците тргнаа да пљачкаат,+ и во израелската земја заробија едно девојче,+ кое ѝ стана слугинка на жената на Нааман. 3 Тоа ѝ рече+ на својата господарка: „Кога мојот господар би му се обратил на пророкот+ што е во Самарија! Тој би го излекувал од лепрата“.+ 4 Потоа на неговиот господар му беше јавено ова: „Вака и вака рече+ девојчето од израелската земја“.
5 А сирискиот цар рече: „Ајде оди! Јас ќе му испратам писмо на израелскиот цар“. Така тој отиде, понесувајќи+ со себе десет таланти сребро, шест илјади златници+ и десет облеки.+ 6 И дојде кај израелскиот цар носејќи му го писмото+ во кое пишуваше: „Со ова писмо, еве, ти го испраќам и својот слуга Нааман за да го излекуваш од лепрата“. 7 Кога го прочита писмото, израелскиот цар си ја раскина облеката+ и рече: „Зарем сум јас Бог+ за да можам да одземам или да зачувам живот,+ па овој испраќа кај мене човек за да го излекувам од лепра? Гледајте, ве молам, погледнете како овој бара караница со мене!“+
8 А кога чу дека израелскиот цар си ја раскинал облеката,+ Елисеј, Божјиот човек, веднаш му ја испрати на царот оваа порака: „Зошто си ја раскинал облеката? Те молам, тој човек нека дојде кај мене и нека се увери дека има пророк во Израел“.+ 9 Така Нааман дојде со своите коњи и со бојните коли и застана на влезот од куќата на Елисеј. 10 А Елисеј му испрати гласник и му порача: „Оди, искапи се+ седумпати+ во Јордан за да ти оздрави телото,+ и ќе бидеш чист!“ 11 Тогаш Нааман се разлути+ и се сврти за да тргне, велејќи: „Гледај, јас мислев+ дека ќе излезе пред мене, па ќе застане и ќе го повикува името на Јехова, својот Бог, и ќе поминува со раката над заболеното место и ќе ја излечи лепрата. 12 Зар не се дамаските+ реки Авана и Фарфар подобри од сите израелски води?+ Зарем не можам да се искапам во нив и да бидам чист?“+ Потоа се сврти и си замина лут.+
13 Но тогаш му пристапија неговите слуги и му рекоа: „Татко,+ да бараше од тебе пророкот нешто големо, немаше ли да го направиш? Зошто тогаш не го направиш ова што ти го рече: ‚Искапи се и ќе бидеш чист‘?“ 14 Тогаш слезе и се нурна во Јордан седум пати, според речта на Божјиот човек.+ И неговото тело стана како телото на мало дете,+ и се исчисти.+
15 Потоа се врати кај Божјиот човек+ со целата своја придружба и, откако дојде таму, застана пред него и му рече: „Еве, сега знам дека нема Бог никаде на земјата, освен во Израел.+ Те молам, прими го овој дар како благослов+ од својот слуга“. 16 Но тој одговори: „Како што е жив Јехова,+ кому му служам, нема да го примам!“+ И овој почна да го наговара да го прими, но тој не сакаше. 17 На крајот Нааман рече: „Ако е така, тогаш, те молам, дозволи да му се даде на твојот слуга малку земја,+ колку што може да понесат еден чифт маски, зашто твојот слуга нема повеќе да им принесува жртви паленици ни други жртви на други богови, освен на Јехова.+ 18 Но Јехова нека му го прости ова на твојот слуга: кога ќе влезе мојот господар во храмот на Римон+ за да се поклони таму, па тогаш се потпре+ на мојата рака, та и јас морам да се поклонам+ во храмот на Римон, те молам, Јехова нека му прости на твојот слуга кога ќе се поклони во храмот на Римон“.+ 19 Тогаш му рече: „Оди во мир!“+ И овој отиде откај него и измина добар дел од патот.
20 Тогаш Гиезиј,+ слугата на Елисеј, Божјиот човек,+ рече: „Еве, мојот господар го поштеди тој Сириец Нааман+ и не сакаше да го прими од неговата рака она што му го донесе. Како што е жив Јехова,+ јас ќе потрчам по него и ќе земам нешто од него“.+ 21 И Гиезиј потрча по Нааман. Кога виде дека некој трча по него, Нааман слезе од колата и му тргна во пресрет, па го праша: „Дали е сѐ добро?“+ 22 А тој одговори: „Сѐ е во ред. Мојот господар+ ме испраќа+ да ти кажам: ‚Еве, токму сега дојдоа кај мене од ефремските планини две момчиња, пророчки синови.*+ Те молам, дај ми за нив еден талант* сребро и две облеки‘ “.+ 23 А Нааман рече: „Еве, земи два таланта!“ И го наговараше да ги земе,+ па на крајот му ги заврза двата таланта во две ќеси, заедно со две облеки, и им ги даде на двајца свои слуги за да ги носат пред него.
24 Кога стигна на Офел,* ги зеде работите од нивните раце и ги стави во куќата,+ а луѓето ги испрати назад и тие си отидоа. 25 А тој влезе и застана крај својот господар.+ Елисеј го праша: „Од каде доаѓаш, Гиезиј?“ Тој одговори: „Твојот слуга не бил никаде“.+ 26 Но тој му рече: „Зарем не бев во духот со тебе кога човекот се сврти, слезе од колата и ти појде во пресрет? Зар е сега време да се прима сребро или да се примаат облеки, маслинарници, лозја, овци, стока, слуги или слугинки?+ 27 Затоа лепрата+ на Нааман ќе се прилепи за тебе и за твоите потомци засекогаш!“+ И овој отиде откај него лепрозен, бел како снег.+