1. Летописи
20 Во почетокот на следната година,+ во време кога царевите излегуваат во војна,+ Јоав ја поведе војската во бој+ и ја опустоши земјата на Амоновите синови. Дојде до Рава+ и почна да ја опсадува, а Давид остана во Ерусалим. Јоав ја освои Рава+ и ја разори. 2 Тогаш Давид ја симна од главата на Малхам* круната+ од злато и скапоцени камења тешка еден талант.* Круната ја ставија на главата на Давид. Давид однесе од градот многу голем плен.+ 3 А народот што беше во него го изведе и го постави да работи+ со пили за камен, со остри железни алатки и со секири.+ Така направи во сите градови на Амоновите синови. На крајот Давид се врати со својата војска во Ерусалим.
4 Потоа избувна војна со Филистејците+ во Гезер.+ Тогаш Хусанецот Сивехај+ го уби Саф, Рефаимецот,+ и така беа покорени.
5 Кога повторно избувна војна со Филистејците, Елханан,+ синот на Јаир, го уби Лами, братот на Голијат+ од Гат, чие копје имаше дршка како ткајачко кросно.+
6 Потоа пак избувна војна во Гат,+ каде што имаше еден човек со необично крупна става,+ кој имаше по шест прсти на секоја рака и на секоја нога, вкупно дваесет и четири.+ И тој беше Рефаимец.*+ 7 Кога почна да му се подбива+ на Израел, Јонатан, синот на Давидовиот брат Симеј,+ го уби.
8 Тие беа Рефаимци+ од Гат,+ а загинаа+ од раката на Давид и од рацете на неговите слуги.