ПЕТТА КНИГА
(Псалми 107 — 150)
107 Благодарете му на Јехова, зашто е добар;+
зашто неговата милост е вечна.+
2 Така нека речат оние што Јехова ги избавил,+
оние што ги избавил од раката на противникот+
3 и ги собрал од земјите,+
од исток и од запад,+
од север и од југ.+
4 Скитаа низ пуст крај,+ низ пустината,+
не најдоа пат до град во кој би се населиле.+
5 Беа гладни и жедни,+
се истошти нивната душа во нив.+
6 И повикаа кон Јехова во својата неволја;+
тој ги избави од нивните маки+
7 и ги упати по правиот пат,+
за да дојдат во град во кој ќе се населат.+
8 Нека му благодарат на Јехова за неговата милост+
и за чудесните дела што ги направи за синовите човечки.+
9 Зашто, ја насити овенатата душа,+
со добри работи ја нахрани гладната душа.+
10 На оние што живееја во мрак и во густа темнина,+
како затвореници во неволја и во железни окови,+
11 зашто се бунеа+ против Божјите зборови+
и ги презираа советите од Севишниот,+
12 тој им го покори срцето со неволја;+
се сопнаа, а немаше кој да им помогне.+
13 И почнаа да го повикуваат Јехова да им помогне во нивната неволја,+
а тој како и порано ги спаси од нивните маки.+
14 Ги изведе од мракот и од густата темнина,+
ги раскина нивните окови.+
15 Нека му благодарат на Јехова за неговата милост+
и за чудесните дела што ги направи за синовите човечки.+
16 Зашто, ја разби бакарната врата+
и ги скрши железните резиња.+
17 Оние што беа безумни, поради својот престапнички пат+
и поради своите гревови, на крајот, самите себе си нанесоа неволја.+
18 Секое јадење ѝ се згади на нивната душа,+
дојдоа до портата на смртта.+
19 И почнаа да го повикуваат Јехова да им помогне во нивната неволја,+
а тој како и порано ги спаси од нивните маки.+
20 Ја испрати својата реч, и ги излекува,+
и ги избави од нивните јами.+
21 Нека му благодарат на Јехова за неговата милост+
и за чудесните дела што ги направи за синовите човечки.+
22 Нека принесуваат жртви благодарници+
и нека ги објавуваат неговите дела воскликнувајќи радосно.+
23 Оние што пловат по море со бродови+
и тргуваат по големите води,+
24 тие ги виделе делата на Јехова+
и неговите чудеса во длабочините;+
25 како на негов збор се крева бурен ветар,+
кој ги подига морските бранови.+
26 До небо се креваат морепловците,
до дното се спуштаат.
Од неволјите се растопува нивната душа.+
27 Се занесуваат и се тетерават како пијаници,+
збунета е сета нивна мудрост.+
28 Тогаш викаат кон Јехова во својата неволја,+
и тој ги избавува од нивните маки.+
29 Ја смирува бурата за да настане тишина,+
па се смируваат морските бранови.+
30 И кога тие ќе се смират, морепловците се радуваат,
а тој ги води во саканото пристаниште.+
31 Нека му благодарат на Јехова за неговата милост+
и за чудесните дела што ги направи за синовите човечки.+
32 Нека го возвишуваат пред насобраниот народ,+
нека го фалат во советот на старците.+
33 Тој ги претвора реките во пустина+
и водните извори во жедна земја,+
34 плодната земја во солена пустош,+
поради злобата на оние што живеат на неа.
35 Тој ја претвора пустелијата во езеро+
и безводната земја во водни извори.+
36 И таму ги населува гладните,+
за да подигнат град во кој ќе живеат.+
37 Засеваат ниви и садат лозја+
за да донесат обилна летина.+
38 И тој ги благословува, па многу се множат,+
не дозволува стоката да им биде малобројна.+
39 Но пак се проретчени и наведнати+
од угнетување, од неволја и од тага.+
40 Тој излева презир врз достоинствениците+
и ги пушта да скитаат низ пуст и беспатен крај.+
41 А сиромавиот го штити од неволја+
и семејството му го намножуваш како стадо.+
42 Справедливите гледаат и се радуваат,+
а сета неправда нека ја затвори својата уста.+
43 Кој е мудар? Тој ќе размисли за сето ова+
и ќе набљудува внимателно што прави Јехова во својата милост.+