Псалм. Песна на синовите на Кореј.+
48 Велик е Јехова и достоен за голема фалба+
во градот на нашиот Бог,+ на неговата света гора.+
2 Убава поради својата возвишеност, радост за целата земја,+
на крајниот север+ лежи гората Сион,
градот на Великиот Цар.+
3 Во неговите кули, Бог се покажа како сигурна тврдина на високо место.+
4 Зашто, гледај, царевите се договорија+ и се собраа,+
и сите поминаа.
5 Видоа и се вчудовидоа.
Се збунија и во паника побегнаа.+
6 Таму ги обзеде трепет,+
родилни болки како кај родилка.+
7 Со источен ветар ги разбиваш тарсиските бродови.+
8 Како што слушнавме, така и видовме+
во градот на Јехова над војските, во градот на нашиот Бог.+
Бог ќе го утврди за да стои за навек.+ (Села)
9 Размислувавме, Боже, за твојата милост+
среде твојот храм.+
10 Како твоето име,+ Боже, така и твојата фалба
допира до границите на земјата.
Твојата десница е полна со праведност.+
11 Нека се радува гората Сион,+
нека се веселат селата на Јуда+ поради твоите закони.+
12 Поминете околу Сион и обиколете го,+
избројте ги неговите кули.+
13 Внимателно набљудувајте ги неговите бедеми.+
Прегледајте ги неговите кули
за да му раскажувате за тоа на идното поколение.+
14 Зашто, тој Бог е нашиот Бог довека, за сета вечност.+
Тој ќе нѐ води додека не умреме.+