Асафова+ песна.
50 Моќниот+ Бог Јехова+ зборува+
и ја довикува земјата,+
откај што изгрева сонцето докај што заоѓа.+
2 Бог засвети+ од Сион, совршенството на убавината.+
3 Нашиот Бог ќе дојде и нема да молчи.+
Пред него оган проголтува+
и насекаде околу него луња беснее.+
4 Тој ги довикува небесата во висините и земјата+
за да изврши пресуда над својот народ:+
5 „Соберете ги кај мене оние што ми се лојални,+
оние што над жртва го склучија мојот сојуз“.+
6 Небесата ја објавуваат неговата праведност,+
зашто Бог е Судија.+ (Села)
7 „Слушај, народе мој, јас ќе зборувам,+
Израеле, ќе сведочам против тебе.+
Јас сум Бог, твојот Бог.+
8 Не те укорувам за твоите жртви,+
ниту за твоите цели жртви паленици што се постојано пред мене.+
9 Нема да го земам бикот од твојот дом,+
ниту јарецот од твоите трла.
10 Зашто, мои се сите шумски животни,+
ѕверките во илјадниците планини.+
11 Го познавам секое крилесто суштество на планините+
и мноштвото полски животни се мои.+
12 Кога би бил гладен, не би ти кажал,
зашто моја е земјата+ и сѐ што е на неа.+
13 Зарем ќе јадам месо од јаки бикови+
и ќе пијам крв од јарци?+
14 Принеси му на Бог благодарност како жртва+
и исполни ги заветите што си му ги дал на Севишниот.+
15 Повикај ме во денот на неволја.+
Ќе те избавам, а ти ќе ме славиш.+“
16 А на злиот, Бог ќе му рече:+
„Кој ти дал право да ги набројуваш моите уредби+
и да го спомнуваш мојот сојуз?+
17 Ти ја мразиш поуката+
и ги фрлаш зад грб моите зборови.+
18 Кога и да виде крадец, на него гледаше со благонаклоност,+
и се здружи со прељубниците.+
19 Ја пушти устата да зборува зло+
и на јазикот ти е измамата.+
20 Седиш со другите и зборуваш против својот брат,+
зборуваш лошо за синот на својата мајка.+
21 Сето тоа го правеше, а јас молчев.+
Мислеше дека ќе бидам како тебе.+
Ќе те укорам+ и сето тоа ќе ти го изнесам пред очи.+
22 Сфатете го тоа, ве молам, вие што го заборавате Бог,+
за да не ве растргнам, зашто ќе нема кој да ве избави.+
23 Кој принесува благодарност како своја жртва, тој ме слави.+
Кој се држи за правиот пат,
нему ќе му дозволам да го види спасението од Бог“.+