94 О Јехова, Боже одмазднику,+
Боже одмазднику, блесни!+
2 Стани, Судијо на целата земја!+
Плати им на вообразените+ според нивната заслуга!
3 До кога ќе ликуваат злите, о Јехова,+
до кога ќе ликуваат злите?+
4 Тие блујат зборови, зборуваат необуздано,+
сите злосторници се фалат.+
5 Го газат твојот народ, Јехова,+
го угнетуваат твоето наследство.+
6 Ги убиваат вдовицата и дојденецот,+
им го одземаат животот на децата без татко.+
7 Велат: „Јах не гледа,+
Богот на Јаков не го забележува тоа“.+
8 Сфатете, неразумни луѓе!+
И вие безумни, кога ќе станете разборити?+
9 Зар не може да чуе оној што го направил увото?+
Зар не може да види оној што го обликувал окото?+
10 Зар не може да укорува оној што ги исправа народите,+
оној што ги учи луѓето да стекнат знаење?+
11 Јехова ги знае мислите на луѓето, знае дека се како здив.+
12 Среќен е човекот кого ти, о Јах, го исправаш+
и кого го поучуваш за својот закон+
13 за да му дадеш мир од деновите на несреќа,+
додека не се ископа јама за злиот.+
14 Зашто, Јехова нема да го остави својот народ+
и нема да го напушти своето наследство.+
15 Бидејќи, пак ќе биде праведна пресудата+
и сите што имаат непорочно срце ќе тргнат по него.
16 Кој ќе се крене за мене против злосторниците?+
Кој ќе се заземе за мене против оние што прават зло?+
17 Да не ми помагаше Јехова,+
мојата душа за миг ќе починеше таму каде што владее тишината.+
18 Кога реков: „Ногата ќе ми се слизне“,+
твојата милост, Јехова, ме поткрепи.+
19 Кога во мене се намножија немирни мисли,+
утехите од тебе ми ја милуваа душата.+
20 Ќе се здружи ли со тебе престолот што нанесува неволји+
додека создава проблеми со помош на законот?+
21 Остро ја напаѓаат душата на праведникот+
и осудуваат невина крв.+
22 Но Јехова ќе ми биде сигурна тврдина на високо место,+
мојот Бог ќе биде карпата на моето прибежиште.+
23 Тој ќе го сврти нивното зло против нив+
и ќе ги истреби со нивната сопствена неволја.+
Јехова, нашиот Бог, ќе ги истреби.+