2. Мојсеева
2 Еден човек од Левиевиот дом отиде и зеде за жена една ќерка на Леви.+ 2 Жената забремени и роди син. Кога виде колку е убав, го криеше+ три месеци.*+ 3 А кога повеќе не можеше да го крие,+ зеде една кошница од папирусна трска, ја премачка и ја прели со смола,*+ го стави детето во неа и ја стави во трските+ на брегот на Нил. 4 Неговата сестра стоеше понастрана за да види што ќе биде со него.+
5 А фараоновата ќерка слезе до Нил за да се капе, додека нејзините слугинки се шетаа покрај брегот на Нил. Тогаш ја забележа кошницата во трските, па веднаш ја испрати својата робинка да ја донесе.+ 6 Ја отвори и погледна, а во неа имаше машко дете што плачеше. И таа се сожали на него,+ иако рече: „Ова е еврејско дете“. 7 Тогаш неговата сестра ѝ рече на фараоновата ќерка: „Сакаш ли да отидам и да ти викнам доилка од Еврејките за да ти го дои детето?“ 8 А фараоновата ќерка ѝ рече: „Оди!“ И девојчето веднаш отиде и ја викна мајката на детето.+ 9 „Земи го ова дете со тебе и дој ми го,“ ѝ рече фараоновата ќерка, „а јас ќе ти платам за тоа.“+ Така жената го зеде детето и го доеше. 10 Кога детето порасна, го одведе кај фараоновата ќерка и таа го зеде за син.+ Му го даде името Мојсеј,* велејќи: „Зашто, го извадив од вода“.+
11 Еден ден, кога Мојсеј веќе беше пораснат, излезе кај своите браќа и виде колку е тешка нивната работа.+ Тогаш здогледа еден Египќанец, кој тепаше еден од неговите браќа Евреи.+ 12 И обѕрнувајќи се на сите страни, виде дека нема никој, па го уби Египќанецот и го скри во песокот.+
13 Утредента кога излезе, затече двајца Евреи како се тепаат, па му рече на оној што немаше право: „Зошто го тепаш својот другар?“+ 14 А овој му возврати: „Кој те поставил тебе за кнез и за судија над нас?+ Мислиш ли да ме убиеш и мене како што го уби оној Египќанецот?“+ Тогаш Мојсеј се исплаши и рече: „Сигурно се дознало за тоа!“+
15 Кога чу за ова, фараонот сакаше да го погуби Мојсеј.+ Но Мојсеј побегна+ откај фараонот и се насели во мадијамската земја.+ Доаѓајќи таму, седна крај еден бунар. 16 А мадијамскиот свештеник+ имаше седум ќерки, кои по својот обичај дојдоа да нацрпат вода и да ги наполнат поилата за да го напојат стадото на својот татко.+ 17 Но овчарите дојдоа како и обично и ги избркаа. Тогаш Мојсеј стана, ги одбрани и им го напои стадото.+ 18 Кога дојдоа дома кај татка си Рагуил,+ тој ги запраша: „Како толку бргу си дојдовте дома денес?“ 19 А тие одговорија: „Еден Египќанец+ нѐ избави од рацете на овчарите и уште и вода ни нацрпи и го напои стадото“. 20 Тогаш тој им рече на своите ќерки: „Па каде е? Зошто сте го оставиле тој човек? Викнете го да јаде леб!“+ 21 И Мојсеј остана да живее кај тој човек, кој му ја даде својата ќерка Сепфора.+ 22 И таа роди син, а тој му го даде името Гирсом,*+ бидејќи, како што рече: „Дојденец сум во туѓа земја“.+
23 По многу време умре египетскиот цар,+ но синовите на Израел сѐ уште воздивнуваа во ропство и офкаа.+ И нивните повици за избавување од ропството се креваа кон вистинскиот Бог.+ 24 И Бог го чу+ нивното офкање+ и се сети на својот сојуз со Авраам, Исак и Јаков.+ 25 И погледна Бог на синовите на Израел и го виде сето тоа.