2. Мојсеева
37 Веселеил+ го направи ковчегот+ од дрвото акација, два и пол лакти долг, лакот и пол широк, а лакот и пол висок.+ 2 Потоа го обложи со чисто злато, однатре и однадвор, а околу работ му направи венец од злато.+ 3 Потоа за него излеа четири прстени од злато и ги прицврсти над четирите негови ногалки, два прстена од едната страна, а два прстена од другата страна.+ 4 Направи и лостови од дрвото акација и ги обложи со злато.+ 5 Потоа ги провлече лостовите низ прстените на обете страни на ковчегот, за да може ковчегот да се носи.+
6 Направи и поклопец+ од чисто злато, два и пол лакти долг, а лакот и пол широк.+ 7 Потоа направи два херувима од злато. Ги изработи од ковано злато на двата краја од поклопецот.+ 8 Едниот херувим беше на едниот крај, а другиот херувим на другиот крај. Херувимите ги направи на двата краја од поклопецот.+ 9 Херувимите имаа крилја раширени угоре и со своите крилја го засолнуваа поклопецот,+ а со лицата беа свртени еден кон друг. Лицата на херувимите гледаа кон поклопецот.+
10 Тој направи маса од дрвото акација,+ два лакта долга, еден лакот широка, а лакот и пол висока.+ 11 Ја обложи со чисто злато, а околу работ ѝ направи венец од злато.+ 12 Потоа ѝ направи рамка наоколу, широка една дланка, а околу рамката ѝ направи венец од злато.+ 13 Ѝ излеа четири прстени од злато, па тие прстени ги прицврсти на четирите агли каде што се четирите нејзини ногалки.+ 14 Прстените беа до самата рамка, како држачи за лостовите, за да може масата да се носи.+ 15 Лостовите ги направи од дрвото акација и ги обложи со злато, за да може да се носи масата.+ 16 Потоа го направи приборот што се чува на масата — чинии, чаши, садови и бокали за излевање на жртви налевници — сѐ од чисто злато.+
17 Потоа го направи светилникот+ од чисто злато. Светилникот беше искован. Неговото стебло, а и гранките, чашките, пупките и цветовите излегуваа од него.+ 18 Шест гранки излегуваа од неговото стебло: три гранки на светилникот од едната страна, а три гранки од другата страна.+ 19 По три чашки во вид на бадемов цвет, со пупки и цветови наизменично, имаше на секоја гранка од едната страна, а три чашки во вид на бадемов цвет, со пупки и цветови наизменично, на секоја гранка од другата страна. Така беше на сите шест гранки што излегуваа од светилникот.+ 20 На стеблото од светилникот имаше четири чашки во вид на бадемов цвет, со пупки и цветови наизменично.+ 21 Една пупка имаше под две гранки што излегуваа од него, една пупка имаше под другите две гранки што излегуваа од него и една пупка имаше под двете последни гранки што излегуваа од него, зашто шест гранки излегуваа од светилникот.+ 22 Нивните пупки и гранки излегуваа од него. Сѐ беше исковано во едно парче, од чисто злато.+ 23 За него направи седум светилки, како и штипка за гаснење на фитилот и пепелници од чисто злато.+ 24 Од еден талант чисто злато го направи светилникот и сиот негов прибор.
25 Го направи кадилниот жртвеник+ од дрвото акација,+ еден лакот* долг и еден лакот широк, четириаголен, и два лакта висок. Од него излегуваа рогови.+ 26 Го обложи со чисто злато: горната површина, страните наоколу и роговите. Околу работ му направи венец од злато.+ 27 Му направи по два прстена од злато под венецот на двете страни, на двете спротивни страни, за низ нив да се провлечат лостовите за носење.+ 28 Потоа ги направи лостовите од дрвото акација и ги обложи со злато.+ 29 И вешто го приготви и светото масло за помазание+ и чистиот мирислив темјан.+