Еремија
12 Праведен си,+ Јехова, кога ги изнесувам пред тебе своите жалби, кога зборувам со тебе за судски прашања. Зошто е успешен патот на злобните,+ зошто уживаат мир сите што ги изневеруваат другите? 2 Ти ги посади, и тие се вкоренија. Растат и донесуваат плод. Ти си близу до нивната уста, но далеку си од нивните бубрези.*+ 3 Ти, Јехова, добро ме познаваш.+ Ме гледаш и го испитуваш моето срце — тоа е со тебе.+ Издвој ги како овци за колење,+ одвој ги за денот на колежот! 4 До кога ќе венее земјата+ и до кога ќе се сушат полските растенија?+ Стоката и птиците исчезнуваат поради злобата на нејзините жители,+ зашто тие велат: „Тој не ни ја гледа иднината“.
5 Ако се изморуваш кога трчаш со пешаци, како ќе се тркаш со коњи?+ Дали се чувствуваш сигурен во мирна земја?+ Тогаш како ќе се упатиш кон јорданските честаци?+ 6 Зашто, дури и твоите браќа и домот на твојот татко, и тие те изневерија.+ Дури и тие викаат зад тебе колку што ги држи гласот. Не верувај им, иако ти зборуваат убаво.+
7 „Го оставив својот дом.+ Своето наследство,+ онаа која мојата душа ја љуби, ја напуштив и ја дадов во рацете на нејзините непријатели.+ 8 Онаа што е мое наследство ми стана како лав во шума. Рика на мене, и затоа ја замразив.+ 9 Моето наследство+ ми стана како шарена птица грабливка. Другите птици грабливки се насекаде околу неа.+ Дојдете, соберете се, сите вие полски ѕверови, доведете ги и другите да јадат!+ 10 Многу пастири+ го уништија моето лозје,+ го изгазија моето наследство.+ Моето скапоцено наследство+ го претворија во пустелија, во гола пустош. 11 Го претворија во гола пустош,+ се исуши, ми се запусти.+ Целата земја е претворена во пустош, зашто никој не го зема присрце тоа што се случува.+ 12 По сите разгазени патеки низ пустелијата дојдоа пустошници. Зашто, Јеховиниот меч проголтува од едниот крај на земјата до другиот.+ Нема мир за ниту едно суштество.* 13 Сеат пченица, а жнеат трње.+ Се исцрпија од работа, а ќе немаат корист.+ Ќе се засрамат од својот род поради распламтениот гнев на Јехова.“
14 Вака вели Јехова за сите свои зли соседи,+ кои ставаат рака на наследството што тој му го даде во сопственост на својот народ Израел:+ „Еве, ќе ги откорнам од нивната земја,+ а домот на Јуда ќе го откорнам од нивната средина.+ 15 А кога ќе ги откорнам, пак ќе им се смилувам+ и ќе ги доведам назад, секого на неговото наследство и секого на неговата земја“.+
16 „Ако навистина ги научат патиштата на мојот народ, да се заколнуваат во моето име:+ ‚Како што е жив Јехова!‘ — како што го учеа мојот народ да се заколнува во Ваал+ — тогаш ќе добијат место среде мојот народ.+ 17 А ако не послушаат, ќе го откорнам тој народ, ќе го откорнам и ќе го сотрам“,+ вели Јехова.