Еремија
30 Ова е речта што му дојде на Еремија од Јехова: 2 „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Напиши си ги во книга сите зборови што ќе ти ги кажам!+ 3 Зашто, „еве, доаѓаат денови“, вели Јехова, „кога ќе го соберам својот заробен народ, Израел и Јуда“,+ вели Јехова, „и ќе ги вратам во земјата што им ја дадов на нивните татковци, и тие пак ќе ја заземат“ ‘ “.+
4 Ова се зборовите што Јехова им ги кажува на Израел и на Јуда. 5 Вака вели Јехова: „Слушаме викање од страв и трепет,+ нема мир. 6 Прашајте, ве молам, и видете дали маж се пораѓа! Зошто гледам дека сите мажи се држат со рацете за слабините како жени што раѓаат+ и сите пребледеле во лицето?+ 7 Леле! Зашто, тој ден е голем,+ нема сличен на него.+ Тоа е време на неволја за Јаков.+ Но тој ќе се спаси од неа“.
8 „Во тој ден“, вели Јехова над војските, „ќе го скршам јаремот од нивниот врат и ќе им ги раскинам оковите.+ Нема повеќе да им биде слуга на туѓинци. 9 Ќе му служат на Јехова, својот Бог, и на Давид, својот цар,+ кого ќе им го подигнам.“+
10 „Не плаши се, слуго мој, Јакове!“ — вели Јехова. „Не плаши се, Израеле!+ Зашто, еве, ќе те спасам тебе од далечна земја, и твоите потомци од земјата на нивното заробеништво.+ Ќе се врати Јаков, ќе биде мирен и спокоен и никој нема да го плаши.“+
11 „Зашто, јас сум со тебе“, вели Јехова, „за да те спасам.+ Ќе ги истребам сите народи меѓу кои те расеав.+ А тебе нема да те истребам.+ Но ќе те казнам колку што е потребно, нема да те оставам неказнет.“+
12 Вака вели Јехова: „Нема лек за твојата пропаст.+ Твојата рана е неизлечлива.+ 13 Никој не се зазема за тебе, за да оздравиш од својот чир.+ Нема ни лек ни оздравување за тебе.+ 14 Те заборавија сите твои љубовници.+ Не те бараат. Зашто, те удрив со непријателски удар,+ со сурова казна,+ поради многуте твои престапи.+ Твоите гревови се многубројни.+ 15 Зошто плачеш поради својата пропаст?+ Твојата болка е неизлечлива поради многуте твои престапи. Твоите гревови се многубројни.+ Јас ти го направив тоа. 16 Навистина, сите оние што те голтаат ќе бидат проголтани,+ сите твои противници ќе отидат во заробеништво.+ Оние што те пљачкаат ќе бидат опљачкани, сите оние што те ограбуваат ќе ги предадам за да бидат ограбени“.+
17 „Јас ќе те оздравам и раните ќе ти ги излекувам“,+ вели Јехова. „Зашто тебе те нарекуваа истерана+ и велеа: ‚Тоа е Сион, онаа што никој не ја бара‘.“+
18 Вака вели Јехова: „Еве, ќе ги соберам заробениците од шаторите на Јаков,+ ќе се смилувам на неговите шатори. Градот пак ќе биде изграден на неговиот рид+ и утврдените дворци ќе стојат на местото што им припаѓа.+ 19 Од нив ќе излегуваат благодарности и глас на оние што се смеат.+ И ќе ги намножам, нема да бидат малцина.+ Ќе направам да бидат мнозина, нема да бидат незначителни.+ 20 Неговите синови ќе бидат како порано и неговата заедница цврсто ќе стои пред мене.+ А јас ќе се пресметам со сите што го угнетуваа.+ 21 Неговиот водач ќе дојде од него,+ од него ќе излезе неговиот владетел.+ Ќе направам да ми се приближи, и тој ќе ми пристапи“.+
„Зашто, кој би се осмелил сам да ми пристапи мене?“+ — вели Јехова. 22 „Вие ќе бидете мој народ,+ а јас ќе бидам ваш Бог.“+
23 Гледај, доаѓа бурен ветар од Јехова, неговата јарост, виор што носи сѐ пред себе.+ Врз главата на злите ќе се спушти.+ 24 Јехова нема да го одврати својот распламтен гнев додека не ги изврши и додека не ги исполни намерите на своето срце.+ Во последните денови ќе размислувате за тоа.+