Еремија
35 Ова е речта што му дојде на Еремија од Јехова во деновите на Јоаким,+ синот на Јосија, царот на Јуда: 2 „Оди во домот на синовите на Рихав,+ зборувај со нив и доведи ги во домот на Јехова, во една од трпезариите, и дај им вино!“
3 И го зедов Јазанија, синот на Еремија, син на Хавасинија, и неговите браќа и сите негови синови и целиот дом на Рихавовите синови, 4 и ги доведов во домот на Јехова, во трпезаријата+ на синовите на Ханан, синот на Игдалија, Божјиот човек, која е до трпезаријата на кнезовите, а оваа е над трпезаријата на Маасија, синот на вратарот Салум.+ 5 Потоа пред синовите од Рихавовиот дом ставив чаши полни со вино и пехари, и им реков: „Пијте вино!“
6 А тие ми рекоа: „Нема да пиеме вино, зашто Јонадав, синот на Рихав,+ нашиот прататко, ни заповеда: ‚Немојте да пиете вино, ниту вие, ниту вашите синови, довека!+ 7 Немојте да градите куќи, ниту да сеете семе, немојте да садите лозја, ниту да ги поседувате! Туку живејте во шатори во сите свои денови, за да живеете долго на земјата на која сте дојденци!‘+ 8 Ние го слушаме гласот на Јонадав, синот на Рихав, нашиот прататко, во сѐ што ни заповеда:+ никогаш не пиеме вино, ниту ние, ниту нашите жени, ниту нашите синови, ниту нашите ќерки,+ 9 и не си градиме куќи за да живееме во нив и не поседуваме ниту лозје, ниту нива, ниту семе. 10 Живееме во шатори и го слушаме и го правиме сето она што ни го заповеда Јонадав, нашиот прататко.+ 11 Но кога дојде во оваа земја Навуходоносор, царот на Вавилон,+ рековме: ‚Ајде да појдеме во Ерусалим, зашто доаѓаат халдејската војска и сириската војска, и да се населиме во Ерусалим‘ “.+
12 И му дојде Јеховината реч на Еремија: 13 „Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Оди и речи им на народот на Јуда и на жителите на Ерусалим: „Зар не ве опоменуваа постојано да ги послушате моите зборови?“+ — вели Јехова. 14 „Се извршуваат зборовите на Јонадав, синот на Рихав,+ кој им забрани на своите синови да пијат вино, и тие не пијат вино до денешен ден, бидејќи ја слушаат заповедта на својот прататко.+ А јас ви зборував вам — станував рано и зборував+ — но вие не ме послушавте.+ 15 И ви ги испраќав сите свои слуги, пророците,+ станував рано и ги испраќав, велејќи: ‚Одвратете се, ве молам, секој од својот зол пат+ и поправете ги своите дела+ и не одете по други богови за да им служите!+ И живејте во земјата што ви ја дадов вам и на вашите татковци!‘+ Но вие не го приклонивте увото и не ме слушавте.+ 16 Синовите на Јонадав, синот на Рихав,+ ја извршуваат заповедта на својот прататко, која тој им ја заповеда,+ а овој народ не ме слуша мене“ ‘ “.+
17 „Затоа, вака вели Јехова, Богот над војските, Богот на Израел: ‚Еве, ќе ги пуштам врз Јуда и врз сите жители на Ерусалим сите неволји што им ги објавив,+ бидејќи им зборував, но не слушаа, и ги повикував, но не се оѕваа‘.“+
18 А на домот на Рихавовите синови Еремија му рече: „Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Затоа што ја слушате заповедта на Јонадав,+ својот прататко, и ги држите сите негови заповеди и правите сѐ што ви заповедал,+ 19 вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „На Јонадав, синот на Рихав, не ќе му снема потомок да ми служи+ довека“ ‘ “.+