Плач Еремиин
א [алеф]*
1 О, како седи осамен+ градот кој некогаш беше полн со луѓе!+
Стана како вдовица,+ а некогаш беше голем меѓу народите!+
Некогаш беше кнегиња меѓу покраините, а сега оди на ропска работа!+
ב [бет]
2 Горко плаче во ноќта,+ и солзи му се леат по образите.+
Од сите негови љубовници+ нема кој да го утеши.
ג [гимел]
3 Јуда е иселен поради неволјата+ и тешкото робување.+
Сега мора да живее меѓу народите.+ Место за починка не наоѓа.
Сите негови прогонители го фаќаат во мака.+
ד [далет]
4 Сионските патишта тагуваат, зашто никој не доаѓа на празникот.+
Сите негови порти се пусти,+ свештениците негови воздивнуваат.+
Девојките негови се разжалостени, а тој е полн со горчина.+
ה [хеј]
5 Противниците негови станаа поглавари,+ неговите непријатели се безгрижни.+
Поради мноштвото негови престапи, Јехова го зави во тага,+
а децата му заминаа во ропство пред противникот.+
ו [вав]
6 Од ќерката на Сион си отиде сета нејзина убавина.+
Кнезовите нејзини станаа како елени што не наоѓаат пасиште,+
и немоќно одат пред оној што ги гони.+
ז [заин]
7 Во деновите на својата неволја и на бездомништвото на својот народ, Ерусалим се сети
на сите драгоцености што ги имаше од минатите денови.+
Кога неговиот народ падна во рацете на непријателот и кога немаше помошник,+
непријателите го видоа. Се смееја на пропаста негова.+
ח [хет]
8 Тешко згреши+ Ерусалим. Затоа стана одвратен.+
Сите што го почитуваа сега го потценуваат,+ бидејќи ја видоа неговата голотија.+
А и тој самиот воздивнува+ и го врти грбот.
ט [тет]
9 Нечистотијата му е на скутовите.+ Не мислеше на она што го чека,+
и сега страшно падна. Нема кој да го утеши.+
Погледни ја, Јехова, мојата неволја,+ зашто непријателот се возгордеа!+
י [јуд]
10 Непријателот посегнува со раката по сите негови драгоцености,+
а тој гледа како во неговото светилиште влегуваат народи+
на кои ти им заповеда да не доаѓаат во заедницата на твојот народ.*
כ [каф]
11 Сиот негов народ воздивнува, бара леб.+
Драгоценостите свои ги даваат за храна, за да ја закрепнат душата.+
Погледни, Јехова, и види, веќе ништо не вредам!+
ל [ламед]
12 Зарем тоа ништо не ви значи на сите вас што поминувате по патот? Погледнете и видете!+
Има ли болка како тешката болка што мене ми е нанесена,+
со која Јехова ме зави во тага во денот на својот распламтен гнев?+
מ [мем]
13 Од висина испрати оган во моите коски,+ и сите ги освојува.
Ја распна мрежата за нозете мои,+ ме сврте наназад.
Ме опустоши, боледувам по цел ден.+
נ [нун]
14 Будно внимаваше на моите престапи,+ во неговата рака тие се испреплетуваат.
Ми стигнаа до вратот,+ силата ме остави.
Јехова ме предаде во рацете на оние против кои не можам да се подигнам.+
ס [самек]
15 Сите мои јунаци Јехова ги исфрли од мојата средина.+
Против мене свика собир за да ги сотре моите младичи.+
Јехова го изгази грозјето во винското гмечало+ на девицата, ќерката на Јуда.+
ע [аин]
16 Над тоа плачам.+ Окото мое, окото мое лее солзи,+
зашто далеку од мене е тешителот, оној што би ми ја закрепнал душата.
Моите синови се напуштени,+ зашто непријателот се возгордеа.+
פ [пе]
17 Сион ги подава рацете,+ нема кој да го утеши.+
Јехова им заповеда на сите околу Јаков да се кренат против него како непријатели.+
Ерусалим стана одвратен меѓу нив.+
צ [цадик]
18 Праведен е Јехова,+ зашто се побунив против зборовите на неговата уста.+
Слушајте, сите народи, и видете ја мојата болка!
Девојките мои и младичите мои отидоа во ропство.+
ק [куф]
19 Ги повикав своите љубовници,+ но тие ме изневерија.
Свештениците мои и старците мои умреа во градот,+
барајќи храна за да си ја закрепнат душата.+
ר [реш]
20 Погледни, Јехова, на големи маки сум! Утробата ми се вознемири.+
ש [шин]
21 Луѓето слушаат како воздивнувам.+ Нема кој да ме теши.+
Сите мои непријатели слушнаа за мојата неволја.+ Се веселат, затоа што ти го стори тоа.+
А ти ќе направиш да дојде денот што го објави,+ па и ним да им биде како што ми е мене.+
ת [тав]