Езекиел
36 „А ти, сине човечки, пророкувај за израелските планини и речи: ‚Израелски планини,+ чујте ја Јеховината реч! 2 Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Непријателот зборуваше за вас:+ ‚Така им треба! Старите возвишенија+ станаа наш имот!‘ “ ‘+
3 Затоа пророкувај и речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Затоа што ве пустошат+ и ве голтаат од сите страни,+ и преживеаните од околните народи настојуваат да ве заземат,+ и затоа што јазиците раскажуваат за вас+ и луѓето зборуваат лошо за вас,+ 4 затоа, о израелски планини,+ чујте ја речта на Севишниот Господар Јехова! Вака им вели Севишниот Господар Јехова на планините и на ридовите, на речните корита и на долините, на пустите урнатини+ и на напуштените градови кои им станаа плен и им служат за потсмев на преживеаните од околните народи,+ 5 вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Во огнот на својата ревност ќе проговорам+ против преживеаните од околните народи и против целиот Едом,+ кои, радувајќи се од сѐ срце+ и полни со презир во душата,+ ја зазедоа мојата земја за да ги присвојат нејзините пасишта и да ја ограбат‘ “ ‘.+
6 Затоа, пророкувај за земјата на Израел и речи им на планините и на ридовите, на речните корита и на долините: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, јас ќе проговорам во својата ревност и во својот гнев, бидејќи ве срамотат околните народи“ ‘.+
7 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Се заколнувам со подигната рака+ дека народите што се околу вас и самите ќе бидат осрамотени.+ 8 А вие, израелски планини, ќе ги пуштите своите гранки и ќе му донесете плод на мојот народ Израел,+ зашто тој наскоро ќе дојде.+ 9 Зашто, еве, се сожалив на вас. Ќе се свртам кон вас,+ и ќе бидете обработени и посеани.+ 10 Ќе ги намножам луѓето во вас, целиот дом на Израел,+ и градовите ќе бидат населени+ и урнатините ќе бидат повторно изградени.+ 11 Ќе ги намножам меѓу вас луѓето и животните,+ ќе се множат и ќе се раѓаат. Ќе ве населам како некогаш+ и ќе ви направам уште повеќе добра отколку порано.+ И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова.+ 12 Ќе направам по вас повторно да одат луѓе, мојот народ Израел, и тие ќе ве заземат+ и ќе бидете нивно наследство+ и повеќе нема да им ги земате децата‘ “.+
13 „Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Вам ви се зборува: „Ти си земја што голта луѓе, земја што на своите народи им ги одзема децата“ ‘.+ 14 ‚Затоа повеќе нема да ги голташ луѓето+ и повеќе нема да им ги одземаш децата на своите народи‘,+ вели Севишниот Господар Јехова. 15 ‚Повеќе нема да дозволам да се чуе како те срамотат народите,+ повеќе нема да те исмејуваат народите+ и повеќе нема да ги фрлаш во пропаст своите народи‘, вели Севишниот Господар Јехова.“
16 И повторно ми дојде Јеховината реч: 17 „Сине човечки, домот на Израел живееше во својата земја и ја извалка со своите постапки и со своите дела.+ Нивните постапки пред мене се како нечистотија од месечен ред.+ 18 И ја излеав својата јарост врз нив поради крвта што ја пролеаја на таа земја,+ која ја извалкаа со своите одвратни идоли.*+ 19 Ги распрснав меѓу народите, па се расеаја по земјите.+ Им судев според нивните постапки и според нивните дела.+ 20 А народите меѓу кои дојдоа го сквернавеа моето свето име,+ велејќи за нив: ‚Тоа е народ на Јехова, а отиде од неговата земја‘.+ 21 А јас се сожалив на моето свето име, кое домот на Израел го оскверни меѓу народите меѓу кои дојде“.+
22 „Затоа, речи му на домот на Израел: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Не го правам тоа заради вас, доме Израелов, туку заради моето свето име, кое го осквернивте меѓу народите меѓу кои дојдовте“ ‘.+ 23 ‚Ќе го посветам своето велико име,+ кое е осквернето меѓу народите, бидејќи го осквернивте меѓу нив. И тогаш ќе знаат народите дека јас сум Јехова,‘+ вели Севишниот Господар Јехова, ‚кога пред нивни очи ќе ја покажам својата светост меѓу вас.+ 24 И ќе ве изведам од сите народи и ќе ве соберам од сите земји и ќе ве доведам во вашата земја.+ 25 Ќе ве попрскам со чиста вода, и ќе бидете чисти.+ Ќе ве очистам од сите ваши нечистотии+ и од сите ваши одвратни идоли.+ 26 Ќе ви дадам ново срце+ и ќе ставам нов дух во вас.+ Ќе го извадам каменото срце од вашето тело и ќе ви дадам меко срце.+ 27 Ќе го ставам својот дух во вас,+ па ќе живеете* според моите уредби+ и ќе се држите за моите закони и ќе ги извршувате.+ 28 И ќе живеете во земјата што им ја дадов на вашите татковци+ и ќе бидете мој народ, а јас ќе бидам ваш Бог.‘+
29 ‚Ќе ве избавам од сите ваши нечистотии+ и ќе го повикам житото и ќе го умножам, и нема да пуштам глад врз вас.+ 30 Ќе го умножам плодот од дрвјата и родот од нивите, за народите да не ве срамотат повеќе поради гладот.+ 31 Тогаш ќе се сетите на своите зли постапки и на своите дела кои не беа добри,+ и самите ќе се мразите поради своите престапи и поради сите свои гадости.+ 32 Но знајте дека тоа не го правам заради вас‘,+ вели Севишниот Господар Јехова. ‚Срамувајте се и засрамете се поради своите дела, доме Израелов!‘+
33 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Откако ќе ве очистам од сите ваши престапи, ќе ги населам градовите,+ и урнатините повторно ќе бидат изградени.+ 34 Запустената земја, која лежеше пуста пред очите на сите минувачи,+ ќе биде обработена. 35 И ќе велат: „Таа земја што беше пуста, стана како еденската градина.+ Градовите што беа пусти и опустошени и разурнати, сега се утврдени и населени“.+ 36 И тогаш преживеаните од околните народи ќе знаат дека јас, Јехова, го изградив она што беше разурнато+ и го засадив она што беше опустошено. Јас, Јехова, реков така, и така ќе направам‘.+
37 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚И ова ќе го бара домот на Израел од мене да му го направам, и јас ќе му го направам:+ неговите луѓе ќе ги намножам да бидат како големо стадо.+ 38 Како стадо свети луѓе, како ерусалимско стадо на празник,+ така градовите што беа пусти ќе се наполнат со стадо од луѓе.+ И тогаш ќе се знае дека јас сум Јехова‘ “.