Захарија
10 „Барајте од Јехова дожд+ за време на пролетните дождови,+ од Јехова кој создава облаци за бура,+ и им дава на луѓето обилен дожд,+ и секому му го дава она што ќе се роди во полето.+ 2 Зашто, домашните идоли+ кажуваат натприродни објави, гаталците добиваат измамливи виденија,+ објавуваат безвредни соништа и залудно тешат.+ Затоа народот ќе отиде како стадо,+ и ќе биде во неволја зашто нема пастир.+
3 Гневот мој пламна против пастирите+ и ќе се пресметам+ со водачите што се како јарци.+ Зашто, Јехова над војските погледна на стадото свое,+ на домот Јудин, и си го направи како величествен коњ+ во бој. 4 Од него е поглаварот,+ од него е оној што е владетел и потпирач,+ од него е бојниот лак,+ од него е секој што управува со работите,+ сите тие доаѓаат од него. 5 И ќе бидат како јунаци+ кои во бојот газат кал по улиците.+ И ќе се борат затоа што Јехова е со нив,+ а оние што јаваат на коњи ќе бидат посрамени.+ 6 И ќе го зајакнам домот на Јуда, ќе го спасам домот на Јосиф.+ И ќе им дадам место за живеење, зашто ќе им се смилувам,+ и ќе биде како да не сум ги отфрлил,+ зашто јас сум Јехова, нивниот Бог, и ќе ги услишам.+ 7 И оние од Ефрем ќе бидат како јунак,+ срцето нивно ќе се радува како од вино.+ Нивните синови ќе го видат тоа и ќе се радуваат,+ срцето нивно ќе се весели поради Јехова.+
8 ‚Ќе им свирнам+ и ќе ги соберам, зашто ќе ги откупам+ и ќе бидат многубројни, како што беа многубројни оние пред нив.+ 9 И ќе ги расеам меѓу народите,+ во далечни места ќе се сеќаваат на мене,+ ќе оживеат со своите синови и ќе се вратат.+ 10 И ќе ги вратам од египетската земја,+ ќе ги соберам+ од Асирија, и ќе ги доведам во галадската земја+ и на Ливан, и ќе нема доволно место за нив.+ 11 Ќе поминам низ морето, ќе му нанесам неволја+ и ќе ги удрам брановите во морето,+ сите длабочини на Нил ќе пресушат.+ И ќе биде урната гордоста на Асирија,+ ќе биде отстранет жезолот на Египет.+ 12 Јас, Јехова, ќе ги зајакнам,+ и тие ќе одат во мое име‘+ — вели Јехова.“