4. Мојсеева
6 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 2 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Ако човек или жена даде посебен завет дека ќе живее како назареец*+ пред Јехова, 3 нека се воздржува од вино и од опоен пијалак. Нека не пие вински оцет, ниту оцет од опоен пијалак,+ нека не пие никаков пијалак направен од грозје и нека не јаде грозје, ни свежо ни суво. 4 За сето време на своето назарејство не смее да јаде ништо што се прави од винова лоза, ниту незрело грозје ниту лушпи.
5 Сѐ додека трае неговиот назарејски завет, брич да не поминува по неговата глава.+ Додека не се наврши времето за кое се обврзал дека ќе биде одвоен за Јехова, нека биде свет и нека ја пушти косата+ на главата слободно да му расте. 6 За сето време додека е одвоен за Јехова да не се приближува до мртовец.*+ 7 Нека не се валка ниту заради татко, ниту заради мајка, ниту заради брат, ниту заради сестра ако умре,+ зашто на својата глава го носи знакот на назарејството пред својот Бог.
8 За сето време на своето назарејство тој е свет пред Јехова. 9 Но, ако некој умре ненадејно покрај него,+ па така си ја извалка главата на која е знакот на неговото назарејство, нека си ја избричи+ главата на денот кога ќе биде прогласен за чист. На седмиот ден нека ја избричи. 10 На осмиот ден нека му донесе на свештеникот на влезот во шаторот на средбата две грлици или два млади гулаба.+ 11 Свештеникот нека го принесе едниот како жртва за грев,+ а другиот како жртва паленица,+ и нека изврши за него обред на очистување бидејќи згрешил приближувајќи се до мртовец.* Во тој ден нека ја посвети својата глава. 12 Нека живее како назареец+ пред Јехова за сето време на своето назарејство и нека принесе едногодишно јагне како жртва за вина.+ А претходното време нема да се смета, бидејќи го извалкал своето назарејство.
13 А ова е законот за назареецот: кога ќе се навршат деновите на неговото назарејство,+ нека го доведат* на влезот во шаторот на средбата. 14 И тој како своја жртва нека му принесе на Јехова машко јагне без недостаток, старо до една година, како жртва паленица,+ едно женско јагне без недостаток старо до една година како жртва за грев,+ еден овен без недостаток како жртва на заедништвото,+ 15 кошница со бесквасни тркалезни лебови од фино брашно+ замесено со масло,+ како и со бесквасни кори намачкани со масло,+ и нивната житна жртва+ и жртвата налевница.+ 16 Свештеникот нека ги донесе пред Јехова и нека ги принесе неговата жртва за грев и жртвата паленица.+ 17 И нека му го принесе овенот на Јехова како жртва на заедништвото+ заедно со кошницата со бесквасни лебови; свештеникот нека ја принесе и неговата житна жртва,+ како и неговата жртва налевница.
18 На влезот во шаторот на средбата назареецот нека го избричи+ од својата глава знакот на назарејството и нека ја земе косата од својата глава, која му е знак на назарејството, и нека ја стави во огнот што гори под жртвата на заедништвото. 19 Потоа свештеникот нека земе варена+ плешка од овенот, еден бесквасен тркалезен леб од кошницата, една бесквасна кора+ и нека го стави сето тоа на рацете на назареецот откако овој дозволил да му го избричат знакот на неговото назарејство. 20 Свештеникот нека го заниша тоа како нишана жртва пред Јехова.+ Тоа е нешто свето што му припаѓа на свештеникот, заедно со градите+ од нишаната жртва и бутот од прилогот.+ Потоа назареецот може да пие вино.+
21 Тоа е законот за назареецот+ кој ќе се заветува, за неговата жртва за Јехова поради неговото назарејство, не сметајќи го она што може уште да го даде. Како што се заветувал, така нека постапи според законот за своето назарејство‘ “.
22 Јехова уште му рече на Мојсеј: 23 „Кажи им на Арон и на неговите синови и речи им: ‚Вака благословувајте+ ги синовите на Израел:
24 „Јехова нека те благослови+ и нека те чува.+
25 Јехова нека те осветли со своето лице+ и нека биде милостив кон тебе.+
26 Јехова нека го подигне своето лице кон тебе+ и нека ти даде мир“ ‘.+
27 И со моето име+ нека ги благословуваат синовите на Израел за да ги благословам“.+