Лука
11 Еднаш се молеше на едно место. Кога престана, еден од неговите ученици му рече: „Гоподару, научи нѐ да се молиме,+ како што и Јован ги научи своите ученици“.+
2 Тогаш тој им рече: „Кога се молите,+ речете: ‚Татко, нека се свети името твое.+ Нека дојде царството твое.+ 3 Лебот+ наш потребен за овој ден дај ни го денес. 4 И прости ни ги нашите гревови,+ зашто и ние му простуваме на секој наш должник.+ И не воведувај нѐ во искушение‘ “.*+
5 Понатаму им рече: „Замислете си дека на полноќ одите кај некој пријател и му велите: ‚Пријателе, дај ми назаем три леба, 6 бидејќи пред малку ми дојде еден пријател од пат, а немам што да му принесам‘. 7 А тој однатре да ви одговори: ,Не досадувај ми!+ Вратата е веќе заклучена, а моите деца се со мене в постела. Не можам да станам да ти дадам‘. 8 Ви велам, макар и да не сака да стане и да ви даде затоа што сте пријатели, ќе стане поради вашата упорност+ и ќе ви го даде она што ви треба. 9 Затоа ви велам: Молете,+ и ќе ви се даде! Барајте,+ и ќе најдете! Чукајте, и ќе ви се отвори! 10 Зашто, секој што моли, добива.+ Секој што бара, наоѓа. И на секој што чука, ќе му се отвори. 11 Има ли татко меѓу вас, кој, ако неговиот син+ го замоли за риба, ќе му даде змија наместо риба? 12 Или, ако го замоли за јајце, ќе му даде ли скорпија? 13 Според тоа, ако вие, иако сте зли, знаете да им давате на своите деца добри дарови,+ колку повеќе Таткото, кој е на небото, ќе им даде свет дух+ на оние што го молат за тоа!“
14 Подоцна истера еден демон, кој на луѓето им ја одземаше способноста за говор.+ Кога демонот излезе, немиот човек прозборе. И народот се восхитуваше. 15 А некои од нив рекоа: „Ги истерува демоните со помош на Велзевул,* владетелот на демоните!“+ 16 А други сакаа да го искушаат, па бараа од него знак+ од небото. 17 Но тој ги знаеше нивните мисли,+ па им рече: „Секое царство кое во себе е разделено, ќе пропадне, и куќата која во себе е разделена, ќе падне.+ 18 Значи, ако и Сатана е поделен во себе, како ќе опстане неговото царство?+ Зашто, вие велите дека ги истерувам демоните со помош на Велзевул. 19 Ако јас ги истерувам демоните со помош на Велзевул, со чија помош вашите синови ги истеруваат?+ Затоа, тие ќе ви бидат судии. 20 Но, ако јас ги истерувам демоните со Божји прст,+ навистина меѓу вас стигнало* царството Божје.+ 21 Кога некој силен,+ добро вооружен човек ја чува својата палата, неговиот имот останува безбеден. 22 Но кога ќе дојде некој што е посилен+ од него и ќе го совлада,+ му го одзема сето оружје на кое се надевал, и го разделува она што му го запленил. 23 Кој не е на моја страна, против мене е, и кој не собира со мене, растура.+
24 Кога некој нечист дух ќе излезе од човек, поминува низ безводни места, барајќи почивалиште, но не го наоѓа, па вели: ,Ќе се вратам во својата куќа од која излегов‘.+ 25 А кога ќе дојде, ја наоѓа изметена и украсена. 26 Тогаш заминува и доведува седум+ други духови, полоши од себе, па влегуваат и се населуваат таму. На крајот, на тој човек ќе му биде полошо отколку порано“.+
27 Додека го зборуваше тоа, една жена од мноштвото извика: „Среќна е утробата+ што те носела и градите што те доеле!“ 28 А тој рече: „Не, туку среќни се оние што ја слушаат речта Божја и ја држат!“+
29 А бидејќи се собираше сѐ повеќе народ, тој почна да зборува: „Ова поколение е зло поколение. Бара чудесен знак,+ но нема да му се даде никаков друг знак, освен знакот на Јона.+ 30 Зашто, како што Јона+ стана знак за Ниневијците, така и Синот човечки ќе биде знак за ова поколение. 31 Царицата+ на југот ќе стане од мртвите во Судниот ден заедно со луѓето од ова поколение и ќе ги осуди, зашто таа дојде од крајот на земјата за да ја чуе мудроста на Соломон, а еве, овде е некој што е поголем+ од Соломон. 32 Жителите на Ниневија ќе станат од мртвите во Судниот ден заедно со ова поколение и ќе го осудат, зашто се покајаа поради она што го проповедаше Јона,+ а еве, овде е некој што е поголем+ од Јона. 33 Никој не пали светилка за да ја стави во подрум или под кошница,* туку на светилник,+ за да ја видат светлината оние што влегуваат. 34 Светилка на твоето тело е окото. Кога твоето око е бистро,* и целото твое тело е светло,+ а кога е зло,* и твоето тело е темно. 35 Затоа, внимавај, светлината што е во тебе да не биде темнина!+ 36 Според тоа, ако целото твое тело е светло, без ниеден темен дел, ќе биде сосема светло+ како кога светилка те осветлува со својот сјај“.
37 Кога го рече тоа, еден фарисеј го викна кај себе на јадење.+ И Исус влезе и се смести на трпезата.* 38 А фарисејот се зачуди кога виде дека Исус не си ги изми рацете+ според обредот пред ручекот. 39 Тогаш Господарот му рече: „Да, вие фарисеите ги чистите чашата и чинијата однадвор, а однатре+ сте полни со грабеж и злоба.+ 40 Неразумни! Зарем оној што ја направи надворешноста,+ не ја направи и внатрешноста? 41 И така, како милостина+ давајте го она што е во внатрешноста и, ете, сѐ друго ќе ви биде чисто. 42 Но тешко вам, фарисеи, бидејќи давате десеттина+ од нане и седефче и од секоја билка од градината, а не ви е грижа за правдата и љубовта кон Бог! Првото бевте должни да го правите, а другото да не го занемарите.+ 43 Тешко вам, фарисеи, бидејќи ги сакате предните седишта во синагогите и да ве поздравуваат по плоштадите!+ 44 Тешко вам, бидејќи сте како незабележливи гробови по кои луѓето одат, без да го знаат тоа!“+
45 Тогаш, еден законик+ му рече: „Учителе, со тие зборови нѐ навредуваш и нас“. 46 А тој одговори: „Тешко и вам, законици, бидејќи ги товарите луѓето со товари кои се тешки за носење, а самите ниту со еден прст не ги допирате тие товари!+
47 Тешко вам, бидејќи им градите гробници на пророците, а вашите прататковци ги убија!+ 48 Навистина, вие сведочите дека знаете какви дела правеле вашите прататковци, а сепак ги одобрувате.+ Тие ги убиваа пророците,+ а вие им градите гробници на тие пророци. 49 Токму затоа Божјата мудрост+ рекла: ‚Ќе испратам кај нив пророци и апостоли, а некои од нив ќе ги убијат и ќе ги прогонуваат 50 за да се побара од ова поколение+ крвта на сите пророци,+ која е пролеана од основањето на светот, 51 од крвта на Авел+ до крвта на Захарија,+ кој беше убиен помеѓу жртвеникот и домот Божји‘.+ Да, ви велам, таа ќе се бара од ова поколение.
52 Тешко вам, законици, бидејќи го зедовте клучот на знаењето!+ Самите не влеговте,* а оние што би сакале да влезат ги спречувате!“+
53 Кога излезе оттаму, книжниците и фарисеите почнаа жестоко да навалуваат на него и да го опсипуваат со секакви прашања, 54 чекајќи+ го да рече нешто за да можат да го обвинат.+