Судиите
12 Тогаш се собраа луѓето од племето на Ефрем, отидоа на север и му рекоа на Јефтај: „Зошто отиде во борба против синовите на Амон, а нас не нѐ повика да одиме со тебе?+ Ќе ти ја изгориме и куќата и тебе!“+ 2 Но Јефтај им рече: „Јас и мојот народ бевме во жесток судир со синовите на Амон.+ И ве повикував на помош, но не ме избавивте од нивната рака. 3 Кога видов дека не ме избавувате, решив да ја изложам на опасност својата душа*+ и да тргнам против синовите на Амон.+ Јехова ми ги предаде в раце. Тогаш зошто сте излегле денес за да се борите против мене?“
4 Тогаш Јефтај ги собра сите луѓе од Галад+ и започна битка со Ефрем. И луѓето од Галад ги убија луѓето од племето на Ефрем, зашто овие рекоа: „Вие, Галаде, сте бегалци од Ефрем и живеете среде Ефрем и среде Манасија“. 5 И Галад ги зазеде плитките места+ во Јордан пред Ефрем. И кога некој од бегалците на Ефрем ќе речеше: „Пуштете ме да поминам!“ Галадците го прашуваа секој од нив: „Дали си од племето на Ефрем?“ Кога тој ќе одговореше: „Не сум“, 6 тие ќе му речеа: „Ајде, кажи Шиболет!“+ А тој ќе речеше: „Сиболет“, зашто не можеше исправно да го изговори зборот. Тогаш го фаќаа и го погубуваа на плитките места во Јордан. Така во тоа време паднаа четириесет и две илјади луѓе од Ефрем.+
7 И Јефтај му судеше на Израел шест години. Потоа умре Галадецот Јефтај и беше погребан во својот град, во Галад.
8 По него на Израел му судеше+ Авесан од Витлеем.+ 9 Тој имаше триесет синови и триесет ќерки. Испрати луѓе да доведат триесет жени од друг род за неговите синови. И му судеше на Израел седум години. 10 Потоа умре Авесан и беше погребан во Витлеем.
11 По него на Израел му судеше Завулонецот+ Елон. И му судеше на Израел десет години. 12 Потоа умре Завулонецот Елон и беше погребан во Ајалон, во земјата на Завулон.
13 По него на Израел му судеше Авдон, синот на Фаратонецот+ Елел. 14 Имаше четириесет синови и триесет внуци, кои јаваа на седумдесет магариња.+ И му судеше на Израел осум години. 15 Потоа умре Авдон, синот на Фаратонецот Елел, и беше погребан во Фаратон, во земјата на Ефрем, во амаличките планини.+