4. Мојсеева
33 Ова се патувањата на синовите на Израел, кои излегоа од египетската земја+ по своите чети+ под водството на Мојсеј и Арон.+ 2 По наредба на Јехова, Мојсеј ги бележеше појдовните точки на нивното патување. Ова се нивните патувања од една појдовна точка до друга:+ 3 тргнаа од Рамзес+ во првиот месец, на петнаесеттиот ден од првиот месец.+ Утредента, веднаш по Пасхата,+ синовите на Израел излегоа со подигнати тупаници пред очите на сите Египќани,+ 4 додека Египќаните ги закопуваа оние што Јехова ги погуби меѓу нив, сите првородени.+ И така Јехова изврши суд над нивните богови.+
5 Значи, синовите на Израел тргнаа од Рамзес+ и се улогорија во Сокот.+ 6 Потоа заминаа од Сокот и се улогорија во Етам,+ кој е на работ од пустината. 7 Откако заминаа од Етам, свртија кон Пи-Аирот,+ кој се наоѓа спроти Ваал-Сефон,+ и се улогорија пред Мигдол.+ 8 Потоа заминаа од Пи-Аирот и поминаа среде морето+ кон пустината.+ Патуваа три дена по пустината Етам,+ а потоа се улогорија во Мара.+
9 Откако заминаа од Мара, дојдоа во Елим.+ А во Елим имаше дванаесет извори на вода и седумдесет палми. И тука се улогорија. 10 Потоа си отидоа од Елим и се улогорија покрај Црвеното Море. 11 Откако заминаа од Црвеното Море, се улогорија во пустината Син.+ 12 Потоа си отидоа од пустината Син и се улогорија во Дофка. 13 Откако заминаа од Дофка, се улогорија во Елус. 14 Потоа заминаа од Елус и се улогорија во Рафидин.+ Таму народот немаше вода за пиење. 15 Откако заминаа од Рафидин, се улогорија во Синајската Пустина.+
16 Потоа тргнаа од Синајската Пустина и се улогорија во Киврот-Атава.+ 17 Откако заминаа од Киврот-Атава, се улогорија во Асирот.+ 18 Потоа си отидоа од Асирот и се улогорија во Ритма. 19 Откако заминаа од Ритма, се улогорија во Римон-Фарес. 20 Потоа си отидоа од Римон-Фарес и се улогорија во Ливна. 21 Откако заминаа од Ливна, се улогорија во Риса. 22 Потоа си отидоа од Риса и се улогорија во Келата. 23 А откако заминаа од Келата, се улогорија на планината Сафер.
24 Потоа си отидоа од планината Сафер и се улогорија+ во Харад. 25 Откако заминаа од Харад, се улогорија во Макелот. 26 А откако заминаа+ од Макелот, се улогорија во Тахат. 27 Потоа си отидоа од Тахат и се улогорија во Тара. 28 Откако заминаа од Тара, се улогорија во Митка. 29 Потоа си отидоа од Митка и се улогорија во Асемон. 30 Потоа си отидоа од Асемон и се улогорија во Мосера. 31 Откако заминаа од Мосера, се улогорија во Вене-Јакан.+ 32 Потоа си отидоа од Вене-Јакан и се улогорија во Хор-Агидгад. 33 Откако заминаа од Хор-Агидгад, се улогорија во Јотват.+ 34 Потоа си отидоа од Јотват и се улогорија во Аврона. 35 Откако заминаа од Аврона, се улогорија во Есион-Гавер.+ 36 Потоа си отидоа од Есион-Гавер и се улогорија во пустината Зин,+ односно во Кадис.
37 Потоа тргнаа од Кадис и се улогорија на планината Хор,+ на границата од едомската земја. 38 А свештеникот Арон се искачи на планината Хор по наредба на Јехова и таму умре во четириесеттата година од излегувањето на Израеловите синови од египетската земја, во петтиот месец, на првиот ден од тој месец.+ 39 Арон имаше сто дваесет и три години кога умре на планината Хор.
40 А царот на Арад,+ Ханаанец кој живееше во Негев,+ во ханаанската земја, чу дека доаѓаат синовите на Израел.
41 Потоа си отидоа од планината Хор+ и се улогорија во Селмон. 42 Откако заминаа од Селмон, се улогорија во Фунон. 43 Потоа си отидоа од Фунон и се улогорија во Овот.+ 44 Откако заминаа од Овот, се улогорија во Ије-Аварим,* на границата со Моав.+ 45 Потоа си отидоа од Ијим и се улогорија во Девон-Гад.+ 46 Откако заминаа од Девон-Гад, се улогорија во Алмон-Дивлатаим. 47 Потоа си отидоа од Алмон-Дивлатаим+ и се улогорија на аваримските планини,+ пред Нево.+ 48 На крајот си отидоа од аваримските планини и се улогорија во пустелијата, во моавските рамници,+ покрај Јордан, спроти Ерихон. 49 И логоруваа покрај Јордан од Вет-Есимот+ до Авел-Ситим,+ во пустелијата, во моавските рамници.
50 И во пустелијата, во моавските рамници, покрај Јордан, спроти Ерихон,+ Јехова му рече на Мојсеј: 51 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Поминете преку Јордан во ханаанската земја+ 52 и истерајте ги од пред себе сите жители на таа земја, уништете ги сите нивни камени статуи,+ уништете ги сите нивни леани ликови+ и опустете ги сите нивни свети височинки.+ 53 И заземете ја таа земја и живејте во неа, бидејќи вам ви ја давам да ја заземете.+ 54 Со ждрепка+ разделете ја земјата во наследство по своите семејства.+ На побројното семејство зголемете му го наследството, а на помалото намалете му го наследството.+ Каде кому ќе му се падне ждрепката, тоа нека биде негово.+ По племињата на своите татковци разделете си ја земјата.+
55 Ако не ги истерате од пред себе жителите на таа земја,+ тогаш оние што ќе ги оставите ќе ви бидат како боцки во очите и како трње во слабините, и ќе ве угнетуваат во земјата во која ќе живеете.+ 56 И она што мислев да им го направам ним, ќе ви го направам вам‘ “.+