41 Кога си отиде слугата, Давид стана од местото каде што беше, од јужната страна, падна ничкум на земја+ и се поклони три пати. Потоа се избакнаа+ и плачеа и двајцата, а особено Давид.+
20 А тој ги остави биковите и потрча по Илија, велејќи: „Те молам, дозволи ми да ги бакнам татко ми и мајка ми,+ па тогаш ќе тргнам по тебе“. А тој му одговори: „Оди, врати се, зар те спречувам?“