7 Во меѓувреме Вооз се најаде и се напи, и срцето му беше весело.+ Тогаш отиде до крајот на купот жито, и таму легна. А таа крадешкум дојде, му ги откри нозете и легна.
36 И Авигеја се врати кај Навал, а тој токму имаше гозба во куќата, вистинска царска гозба.+ Срцето му беше весело и беше сосема пијан.+ Затоа таа не му кажа ништо додека не се раздени.
10 На седмиот ден, кога срцето му беше весело од вино,+ цар Ахасвер им рече на Меуман, Висат, Арвона,+ Викта, Авакта, Зетар и Харкас, седуммина дворјани што му служеа+ нему,
3 Истражував со срцето свое што е безумство, така што телото го веселев со вино,+ но притоа срцето го водев со мудрост,+ за да видам какво добро им донесува на синовите човечки она што го прават под небото во сите денови на својот живот.+