Неемија
7 А кога беше обновен ѕидот,+ веднаш ги наместив крилата на портата.+ Потоа беа поставени вратари,+ пејачи+ и левити.+ 2 Заповедништвото над Ерусалим им го доверив на Ананиј,+ мојот брат, и на Ананија, кнезот на Тврдината,+ зашто тој беше доверлив+ човек кој се боеше+ од вистинскиот Бог повеќе отколку мнозина други. 3 И им реков: „Ерусалимските порти+ не смеат да се отворат додека не огрее сонцето. И додека вратарите стојат таму, нека ги затворат вратите и нека ги стават резињата.+ А жителите на Ерусалим нека стражарат, секој на своето место и секој пред својата куќа“.+ 4 Градот беше простран и голем, но во него живееја малку луѓе+ и куќите сѐ уште не беа изградени.
5 Мојот Бог ми даде во срцето+ да ги соберам достоинствениците, намесниците и народот за да се запишат во родословниот попис.+ Тогаш ја најдов книгата на родословијата+ на оние што се вратија први, и во неа најдов запишано:
6 Ова се синовите од таа покраина,+ изгнаници што дојдоа од заробеништво,+ кои Навуходоносор,+ царот на Вавилон, ги одведе во изгнанство,+ а кои подоцна се вратија во Ерусалим и во Јуда, секој во својот град,+ 7 оние што тргнаа со Зоровавел,+ Исус,+ Неемија, Азарија, Рамиј, Наманиј, Мардохеј,+ Вилсан, Мисперет, Вигвај, Неум и Вана.
Ова е бројот на луѓето од народот на Израел: 8 синови на Фарос+ — две илјади сто седумдесет и два; 9 синови на Сефатија+ — триста седумдесет и два; 10 синови на Арах+ — шестотини педесет и два; 11 синови на Фат-Моав,+ од синовите на Исус и на Јоав+ — две илјади осумстотини и осумнаесет; 12 синови на Елам+ — илјада двесте педесет и четири; 13 синови на Зату+ — осумстотини четириесет и пет; 14 синови на Захај+ — седумстотини и шеесет; 15 синови на Винуј+ — шестотини четириесет и осум; 16 синови на Вевај+ — шестотини дваесет и осум; 17 синови на Азгад+ — две илјади триста дваесет и два; 18 синови на Адоникам+ — шестотини шеесет и седум; 19 синови на Вигвај+ — две илјади шеесет и седум; 20 синови на Адин+ — шестотини педесет и пет; 21 синови на Атир,+ од Езекија — деведесет и осум; 22 синови на Асум+ — триста дваесет и осум; 23 синови на Весај+ — триста дваесет и четири; 24 синови на Ариф+ — сто и дванаесет; 25 луѓе од Гаваон+ — деведесет и пет; 26 луѓе од Витлеем+ и Нетофа+ — сто осумдесет и осум; 27 луѓе од Анатот+ — сто дваесет и осум; 28 луѓе од Вет-Азмавет+ — четириесет и два; 29 луѓе од Киријат-Јарим,+ Кефира+ и Веерот+ — седумстотини четириесет и три; 30 луѓе од Рама+ и Гева+ — шестотини дваесет и еден; 31 луѓе од Михмас+ — сто дваесет и два; 32 луѓе од Ветил+ и Гај+ — сто дваесет и три; 33 луѓе од другото Нево+ — педесет и два; 34 синови на другиот Елам+ — илјада двесте педесет и четири; 35 синови на Харим+ — триста и дваесет; 36 луѓе од Ерихон+ — триста четириесет и пет; 37 луѓе од Лод,+ Адид+ и Оно+ — седумстотини дваесет и еден; 38 синови на Сенај+ — три илјади деветстотини и триесет.
39 Свештеници: синови на Једај,+ од домот на Исус — деветстотини седумдесет и три; 40 синови на Имер+ — илјада педесет и два; 41 синови на Пасхор+ — илјада двесте четириесет и седум; 42 синови на Харим+ — илјада и седумнаесет.
43 Левити: синови на Исус и Кадмиел,+ од синовите на Одева+ — седумдесет и четири. 44 Пејачи:+ синови на Асаф+ — сто четириесет и осум. 45 Вратари:+ синови на Салум,+ синови на Атир, синови на Талмон,+ синови на Акув,+ синови на Атита и синови на Совај+ — сто триесет и осум.
46 Нетини:+ синовите на Сих, синовите на Асуф, синовите на Таваот,+ 47 синовите на Кирос, синовите на Сија, синовите на Фадон,+ 48 синовите на Леван, синовите на Агава,+ синовите на Салмај, 49 синовите на Ханан,+ синовите на Гидел, синовите на Гар, 50 синовите на Реај,+ синовите на Ресин,+ синовите на Некода, 51 синовите на Газам, синовите на Уза, синовите на Фасеј, 52 синовите на Висај,+ синовите на Меуним, синовите на Нафусесим,+ 53 синовите на Ваквук, синовите на Акуфа, синовите на Арур,+ 54 синовите на Васлит, синовите на Меида, синовите на Харса,+ 55 синовите на Варкос, синовите на Сисара, синовите на Тамин,+ 56 синовите на Несија, синовите на Атифа.+
57 Синови на Соломоновите слуги:+ синовите на Сотај, синовите на Соферет, синовите на Ферида,+ 58 синовите на Јаала, синовите на Даркон, синовите на Гидел,+ 59 синовите на Сефатија, синовите на Атил, синовите на Фохерет-Асеваим, синовите на Амон.+ 60 Сите нетини+ и синови на Соломоновите слуги беа триста деведесет и двајца.
61 А ова се оние што појдоа од Тел-Мелах, Тел-Арис, Херув, Адон и Имер,+ а не можеа да кажат кој е домот на нивните татковци и кое е нивното потекло, дали се од Израел: 62 синовите на Делаја, синовите на Товиј, синовите на Некода+ — шестотини четириесет и два. 63 А од свештениците:+ синовите на Аваја, синовите на Акос+ и синовите на Варзелај,+ кој си зеде за жена една од ќерките на Варзелај+ Галадецот, па беше наречен по нивното име. 64 Тие бараа по своите родословни пописи за да го докажат своето потекло, но не можеа,+ и затоа беа исклучени од свештеничката служба како да се валкани.+ 65 И тиршата*+ им забрани да јадат+ од најсветите работи сѐ додека не стапи во служба свештеникот со Урим+ и Тумим.*+
66 Целата заедница броеше вкупно четириесет и две илјади триста и шеесет лица,+ 67 не сметајќи ги нивните робови+ и робинки, кои беа седум илјади триста триесет и седум.+ Имаше и двесте четириесет и пет пејачи+ и пејачки.+ 68 Имаа седумстотини триесет и шест коњи, двесте четириесет и пет маски,+ 69 четиристотини триесет и пет камили и шест илјади седумстотини и дваесет+ магариња.+
70 А некои од поглаварите+ на родови+ дадоа прилог за работата.+ И самиот тиршата+ даде во ризницата илјада драхми злато, педесет садови, како и петстотини и триесет свештенички облеки.+ 71 А некои од родовските поглавари за работата дадоа во ризницата дваесет илјади драхми* злато и две илјади и двесте мини* сребро.+ 72 А останатиот народ даде дваесет илјади драхми злато, две илјади мини сребро и шеесет и седум свештенички облеки.
73 И така, свештениците,+ левитите, вратарите, пејачите,+ некои од народот, нетините+ и целиот Израел се населија во своите градови.+ Кога дојде седмиот месец,+ синовите на Израел беа во своите градови.+