7 И тој се грижеше+ за Адаса, односно Естира, ќерката на својот стрико,+ бидејќи таа немаше ни татко ни мајка. Девојката имаше убава става и убаво лице.+ По смртта на татко ѝ и на мајка ѝ, Мардохеј ја зеде кај себе како ќерка.
8 И му даде препис+ од законот за нивно истребување, кој беше издаден во Суза,+ за да ѝ го покаже на Естира и да ѝ каже и да ѝ наложи+ да отиде кај царот и да го моли за милост+ и пред него да се заземе за својот народ.+