-
Естира 3:12Свето писмо — превод Нов свет
-
-
12 Во првиот месец, на тринаесеттиот ден од тој месец, беа свикани царските писари+ и беше составен запис+ за сето она што им го заповеда Аман на царските сатрапи,* на управителите што беа над покраините+ и на кнезовите на различните народи, за секоја покраина со нејзиното писмо+ и за секој народ на неговиот јазик. Сѐ беше напишано во името+ на цар Ахасвер и запечатено со царевиот печатен прстен.+
-
-
Естира 8:9Свето писмо — превод Нов свет
-
-
9 Затоа, во тоа време, во третиот месец, односно во месецот сиван,* на дваесет и третиот ден од тој месец, беа повикани царските писари.+ Тие напишаа сѐ што им заповеда Мардохеј на Евреите, на сатрапите,*+ на управителите и на кнезовите во покраините од Индија до Етиопија, кои беа над сто дваесет и седум покраини,+ на секоја покраина со нејзиното писмо+ и на секој народ на неговиот јазик,+ а и на Евреите со нивното писмо и на нивниот јазик.+
-