1. Мојсеева
46 Така Израел тргна на пат со сите свои и дојде во Вирсавеја,+ па му принесе жртви на Богот на својот татко Исак.+ 2 Потоа Бог му се јави на Израел во ноќни виденија:+ „Јакове! Јакове!“ Тој одговори: „Еве ме!“+ 3 А тој продолжи: „Јас сум вистинскиот Бог,+ Богот на твојот татко.+ Не плаши се да појдеш во Египет, зашто таму ќе направам од тебе голем народ!+ 4 Јас ќе одам со тебе во Египет и пак ќе те вратам назад,+ а Јосиф со своја рака ќе ти ги затвори очите“.*+
5 Потоа Јаков тргна од Вирсавеја, и Израеловите синови ги повезоа татка си Јаков, своите деца и своите жени во колите што им ги беше испратил фараонот за да го превезат.+ 6 Ги зедоа со себе своите стада и своите добра што ги беа спечалиле во ханаанската земја.+ Најпосле стигнаа во Египет, Јаков и целото негово потомство со него. 7 Со себе ги доведе своите синови и синовите на своите синови, своите ќерки и ќерките на своите синови, сето свое потомство го доведе со себе во Египет.+
8 Ова се имињата на синовите на Израел — на Јаков и на неговите синови — кои дојдоа во Египет:+ Јакововиот првороден Рувим.+
9 Синовите на Рувим: Анох, Фалу, Есром и Харми.+
10 Синовите на Симеон:+ Јемуил, Јамин, Аод, Јахин,+ Сохар и Саул,+ син на една Ханаанка.
11 Синовите на Леви:+ Гирсон,+ Кат+ и Мерариј.+
12 Синовите на Јуда:+ Ир,+ Онан,+ Сала,+ Фарес+ и Зара.+ Но Ир и Онан умреа во ханаанската земја.+
Синовите на Фарес: Есром+ и Амуил.+
13 Синовите на Исахар:+ Тола,+ Фува,+ Јов и Симрон.+
14 Синовите на Завулон:+ Серед, Елон и Јалеил.+
15 Тоа се синовите на Лија,+ кои таа му ги роди на Јаков во Падан Арам, како и неговата ќерка Дина.+ Така, сите негови синови и ќерки беа триесет и три души.
16 Синовите на Гад:+ Сифион, Агиј, Суниј, Есвон, Ириј, Арод и Арилиј.+
17 Синовите на Асер:+ Имна, Исва, Исви, Верија+ и нивната сестра Сера.
Синови на Верија: Хевер и Малхил.+
18 Тоа се синовите на Зелфа,+ која Лаван ѝ ја даде на својата ќерка Лија. Таа му роди на Јаков шеснаесет души.
19 Синовите на Јакововата жена Рахела:+ Јосиф+ и Венијамин.+
20 На Јосиф во египетската земја му се родија Манасија+ и Ефрем,*+ кои му ги роди Асенета,+ ќерката на Потифер, свештеникот од Он.
21 Синовите на Венијамин: Вела,+ Вехер,+ Асвил, Гера,+ Нааман,+ Ихиј, Рос, Мупим,+ Упим+ и Аред.
22 Тоа се синовите на Рахела, кои му се родија на Јаков — вкупно четиринаесет души.
24 Синовите на Нефталим:+ Јасиил, Гуниј,+ Јесер и Силим.+
25 Тоа беа синовите на Вилха,+ која Лаван ѝ ја даде на својата ќерка Рахела. Таа му роди на Јаков вкупно седум души.
26 Сите души, кои дојдоа со Јаков во Египет, потекнаа од него,*+ не сметајќи ги жените на Јакововите синови. Беа вкупно шеесет и шест души. 27 И уште две души — синовите на Јосиф што му се родија во Египет. Така сите од домот на Јаков што дојдоа во Египет беа седумдесет* души.+
28 И го испрати Јуда+ пред себе кај Јосиф за да му каже за доаѓањето во Гесем. Потоа стигнаа во земјата Гесем.+ 29 Тогаш Јосиф заповеда да му ја впрегнат колата, па тргна во Гесем за да го пресретне својот татко Израел.+ Кога се појави пред него, му се фрли околу вратот и долго му плачеше на вратот.+ 30 На крајот Израел му рече на Јосиф: „Сега можам да умрам,+ оти го видов твоето лице и знам дека си уште жив“.
31 Потоа Јосиф им рече на своите браќа и на домот на својот татко: „Одам да му јавам на фараонот и да му кажам:+ ‚Моите браќа и домот на мојот татко, кои беа во ханаанската земја, дојдоа кај мене.+ 32 Тие се овчари+ и се занимаваат со сточарство.+ Ја доведоа ваму својата ситна и крупна стока и сѐ што имаат‘.+ 33 И кога ќе ве повика фараонот и ќе ве праша: ‚Со што се занимавате?‘ 34 — одговорете му: ‚Твоите слуги се занимаваат со сточарство од својата младост до сега, и ние исто како нашите предци‘,+ за да можете да се населите во земјата Гесем,+ зашто сите овчари им се одвратни на Египќаните“.+