Псалми
На управителот, за једутун.*+ Давидова песна.
39 Реков: „Ќе ги чувам своите патишта+
за да не згрешам со својот јазик.+
На устата ќе си ставам нарилник како стража,+
сѐ додека злосторникот е пред мене“.+
4 „Кажи ми, Јехова, колку брзо ќе дојде мојот крај+
и колку малобројни се моите денови,+
за да сознаам колку сум минлив.+
5 Еве, моите денови ги направи малобројни,+
мојот животен век е како ништо пред тебе.+
Секој земен човек, макар и да стои цврсто, е само здив.+ (Села)
6 Човекот навистина оди како сенка.+
Луѓето навистина залудно се расфрлаат.+
Човек трупа имот, а не знае кој ќе го собере.+
7 А сега, на што да се надевам, Јехова?
Тебе те чекам.+
10 Отстрани ја од мене неволјата што ми ја нанесе.+
Поради непријателството на твојата рака ме снемува.+
11 Го укоруваш човекот поради престапот,+ и така го воспитуваш,
а неговите вредни работи ги јадеш како молец.+
Секој земен човек навистина е само здив.+ (Села)