3 Ќе ги благословам оние што тебе те благословуваат, а ќе го проколнам оној што тебе те проколнува,+ и преку тебе ќе се благословат сите народи на земјата“.+
8 Вака вели Јехова: „Во времето на својата милост* те услишив,+ во денот на спасението ти помогнав.+ Те чував за да те поставам за сојуз на народот,+ за да се обнови земјата,+ за повторно да се поделат опустените наследства,+
34 Тогаш царот ќе им рече на оние што ќе му бидат оддесно: ‚Дојдете, благословени од мојот Татко,+ наследете го+ царството+ кое е подготвено за вас од настанувањето на светот.+
16 И други овци имам,+ кои не се од ова трло.+ И нив морам да ги доведам, и тие ќе го слушаат мојот глас,+ па сите ќе бидат едно стадо со еден пастир.+
9 Потоа видов големо мноштво луѓе,+ кои никој не можеше да ги изброи, од сите народи+ и племиња и народности+ и јазици,+ како стојат пред престолот+ и пред Јагнето, облечени во бели долги облеки,+ со палмови гранки+ во рацете.