20 Но ти, Јехова над војските, судиш праведно,+ ти ги испитуваш бубрезите* и срцето.+ Дозволи ми да видам како им се одмаздуваш, зашто пред тебе ја изнесов својата парница.+
18 Нека се засрамат моите прогонители,+ но не дозволувај да се засрамам јас!+ Нека ги обземе страв нив, но не дозволувај да ме обземе страв мене! Доведи го врз нив денот на неволја+ и скрши ги со двоен удар!+
11 Но Јехова беше со мене+ како страшен јунак.+ Затоа моите прогонители ќе се сопнат и нема да надвладеат.+ Ќе бидат многу посрамени, зашто ќе немаат успех. Нивното вечно понижување нема да се заборави.+
15 А кнезовите+ се разлутија на Еремија,+ па го истепаа+ и го затворија+ во куќата на писарот Јонатан,+ бидејќи неговата куќа ја беа претвориле во затвор.+