Осија
7 „Кога сакам да го излекувам Израел,+ се открива и престапот на Ефрем,+ а и злите дела на Самарија,+ зашто се занимаваат со измама+ и крадец влегува во куќа, а надвор напаѓа разбојничка дружина.+ 2 И не помислуваат во своето срце+ дека јас ја помнам сета нивна злоба.+ Сега ги опколија нивните дела.+ Дојдоа пред моето лице.+ 3 Со својата злоба го веселат царот и со своите измами ги веселат кнезовите.+ 4 Сите тие се прељубници.+ Се распалија како што пекарот ја распалува печката, па престанува да дува во огнот откако ќе го замеси тестото и го чека да скисне. 5 На денот на нашиот цар, кнезовите се разболеа+ — се гневат од виното.+ Тој ја испружува раката своја кон потсмевачите. 6 Зашто, срцето им се распали од желба+ како да го приближиле кон печка, тоа гори во нив. Нивниот пекар спие цела ноќ, а наутро печката се разгорува како разгорен оган.+ 7 Сите се распалени како печка и ги проголтуваат своите судии. Сите нивни цареви паднаа,+ ниту еден од нив не ме повикува мене.+
8 Ефрем се измеша со народите.+ Ефрем стана како погача што при печење не е превртена на другата страна.+ 9 Туѓинци му ја проголтуваат силата,+ а тој не го сфаќа тоа.+ И неговата седа коса му ја покри главата, но тој не го сфаќа тоа. 10 Со својата гордост Израел самиот се обвинува в лице,+ но тие не се враќаат кај Јехова, својот Бог,+ и не го бараат поради сето тоа.+ 11 Ефрем е како лековерна гулабица,+ со неразумно срце.+ Тие го повикуваат Египет,+ одат во Асирија.+
12 Каде и да одат, ќе ја распнам својата мрежа над нив.+ Ќе ги соборам како небесни птици.+ Ќе ги казнам како што веќе ја предупредив нивната заедница.+ 13 Тешко ним,+ зашто побегнаа од мене!+ Нека ги стигне пропаст, зашто ми згрешија! Јас сакав да ги откупам,+ а тие кажуваат лаги против мене.+ 14 И не ме повикуваа за помош со своето срце,+ иако горко плачеа на своите постели. Поради житото и виното* свое скитаа наоколу,+ се свртуваа против мене.+ 15 А јас ги укорував+ и им помагав,+ но тие смислуваа зло против мене.+ 16 И се вратија, но не кај возвишениот,*+ станаа како незатегнат лак.+ Нивните кнезови ќе паднат од меч поради навредите што ги кажуваат.+ Со тоа ќе станат за потсмев во египетската земја.“+