Песна за искачување. Давидов псалм.
122 Се израдував кога ми рекоа:+
„Да одиме+ во Јеховиниот дом!“+
2 Нашите нозе стојат+
на твоите порти, Ерусалиме.+
3 Ерусалим е изграден како град,+
како во едно слеан.+
4 Во него влегуваат племиња,+
племињата на Јах,+
според заповедта дадена на Израел,+
за да му благодарат на Јеховиното име.+
5 Зашто, таму стојат судските престоли,+
престолите на Давидовиот дом.+
6 Молете за мирот на Ерусалим!+
Граду, оние што те сакаат ќе бидат безгрижни.+
7 Мир нека има внатре во твоите бедеми,+
безгрижност во твоите кули.+
8 Заради своите браќа и заради своите пријатели, ќе велам:+
„Мир нека владее во тебе!“+
9 Заради домот на Јехова, нашиот Бог,+
ќе се молам за твоето добро.+