Изреки
17 Подобро е парче сув леб со мир+ отколку куќа полна со месо од жртви и со караница.+
2 Разборитиот* слуга ќе владее над синот што постапува срамно+ и ќе го дели наследството+ со браќата.
3 Во топилница се чисти сребро и во печка злато,+ а Јехова ги испитува срцата.+
4 Злосторникот ги слуша злите усни,+ и измамникот го слуша погубниот јазик.+
5 Кој му се потсмева на сиромавиот, го срамоти својот Творец.+ Кој се радува на туѓа несреќа, не останува без казна.+
6 Внуците+ им се круна на старците, и убавина за синовите се нивните татковци.+
7 На безумникот не му прилегаат справедливи усни,+ а уште помалку на достоинственикот лажливи усни.+
8 Оној што дава дар гледа на него како на скапоцен камен со кој се придобива наклоност.+ Каде и да се сврти, има успех.+
9 Кој го покрива престапот, бара љубов,+ а кој постојано зборува за него, ги раздвојува блиските пријатели.+
10 Посилно влијае укорот+ врз разумниот* отколку сто удари врз безумниот.+
11 Злиот човек бара само бунт,+ но против него ќе испратат свиреп гласник.+
12 Подобро е човек да наиде на мечка на која ѝ се одземени мечињата+ отколку на глупав човек во неговата безумност.+
13 Кој враќа зло за добро,+ злото нема да се оддалечи од неговата куќа.+
14 Кога ќе почне караница, како да се отворила водна брана.+ Затоа, пред да избие караницата, оддалечи се.+
15 И оној што го прогласува злиот за праведен+ и оној што го прогласува праведниот за зол,+ обајцата му се одвратни на Јехова.+
16 Што ќе му е на безумникот можноста да прибави мудрост,+ кога не е разумен?*+
17 Вистинскиот пријател сака во секое време,+ и брат станува во неволја.+
18 Неразумниот човек* дава рака+ и потполно гарантира пред својот ближен.+
19 Кој го сака престапот, ја сака караницата.+ Кој гради за себе висока врата, бара пропаст.+
20 Кој е расипан во срцето, не наоѓа добро,+ и кој има превртлив јазик, паѓа во зло.+
21 Неразумното дете му донесува тага на својот татко;+ таткото на безумното дете не е радосен.+
22 Веселото срце дејствува добро како лек,+ а скршениот дух ги суши коските.+
23 Злиот човек зема мито од пазувите+ за да ги искриви патиштата на правдата.+
24 Мудроста е пред лицето на разборитиот човек,+ а очите на безумникот талкаат до крајот на земјата.+
25 Безумниот син е жалост за татка си+ и горка болка за мајка си.+
26 Не е добро со глоба да го казнуваш праведникот,+ и не е исправно да ги удираш достоинствениците.+
27 Оној што е воздржан во своите зборови, навистина е мудар,+ и разборитиот човек има мирен дух.+
28 За мудар го сметаат и глупавиот кога молчи,+ и за разборит* го сметаат оној што си ја држи устата затворена.