Изреки
17 Подобро е парче сув леб онаму каде што има мир*
отколку богата трпеза* во куќа каде што има расправии.
2 Слугата кој е разборит ќе владее над синот што постапува срамно
и ќе добие наследство заедно со синовите на господарот.
3 Среброто се пречистува во сад за претопување, златото во печка,
а Јехова е тој што ги испитува срцата.
4 Злобниот сака да слуша навредливи зборови;
лажливецот слуша злонамерен говор.
5 Оној што му се потсмева на бедниот го навредува неговиот Творец,
оној што се сити на туѓа несреќа нема да си помине без казна.
8 Подарокот е како скапоцен камен за оној што го дава;
каде и да се сврти, му носи успех.
9 Кој простува* престапи, покажува* љубов,
а кој постојано зборува за нив, ги раздвојува блиските пријатели.
10 Повеќе влијае укорот врз разумниот
отколку сто удари врз безумниот.
11 Лош човек сака само да се буни,
но ќе биде испратен суров гласник и ќе го казни.
12 Подобро е да наидеш на мечка на која ѝ ги зеле мечињата
отколку на безумник во неговата глупавост.
13 Ако некој враќа зло за добро,
злото нема да се тргне од неговата куќа.
14 Кога ќе избие караница, како да се отворила брана.
Затоа, замини си пред да започне кавгата.
15 Оној што го оправдува злобниот и оној што го осудува праведниот —
и двајцата му се одвратни на Јехова.
16 Каква корист има неразумниот од тоа што може да стекне мудрост
кога неговото срце не сака да стекне?*
17 Вистинскиот пријател покажува љубов во секое време,
а во неволја станува брат.
19 Кој ја сака караницата, го сака гревот.
Кој се фали,* си навлекува неволја.
21 Неразумното дете му носи жалост на својот татко;
таткото на безумното дете не чувствува радост.
23 Злобниот човек скришно прима мито
за да ја изврти правдата.
27 Мудриот човек внимава што зборува,
и разборитиот човек останува смирен.
28 Дури и глупавиот го сметаат за мудар кога молчи,
и оној што не отвора уста го сметаат за разборит.