1. Мојсеева
21 Јехова ѝ обрна внимание на Сара, како што беше рекол, и Јехова ѝ направи на Сара онака како што беше ветил.+ 2 И Сара забремени+ и му роди син на Авраам во неговата старост, во времето за кое му беше рекол Бог.+ 3 Така Авраам на синот што му се роди, што му го роди Сара, му го даде името Исак.+ 4 Авраам го обрежа својот син Исак на осмиот ден, токму како што му беше заповедал Бог.+ 5 А Авраам имаше сто години кога се роди син му Исак. 6 Тогаш Сара рече: „Бог направи да се смеам. Секој што ќе чуе за ова ќе се смее со мене“.+ 7 И уште додаде: „Кој ќе му речеше на Авраам: ‚Сара ќе дои деца‘? А сепак му родив син на старост“.
8 А детето растеше, и го одбија од гради.+ Тогаш, на денот кога Исак беше одбиен, Авраам приреди голема гозба. 9 А Сара забележа како синот што Египќанката Агара+ му го беше родила на Авраам го исмејува Исак.+ 10 Затоа му рече на Авраам: „Истерај ги оваа робинка и нејзиниот син, зашто синот на оваа робинка нема да биде наследник со мојот син, со Исак!“+ 11 Но на Авраам му беше многу криво за синот.+ 12 Тогаш Бог му рече на Авраам: „Нека не ти е криво за она што ти го вели Сара за момчето и за твојата робинка. Послушај го нејзиниот глас, зашто преку Исак ќе дојде она што ќе се нарече твое семе!+ 13 А и од синот на робинката+ ќе направам народ, зашто е твој потомок“.+
14 И така, Авраам стана рано изутрината, зеде леб и мешина со вода и ѝ ги даде на Агара,+ ставајќи ѝ ги на рамото. Ѝ го даде и детето,+ па ја отпушти. А таа замина, па талкаше по пустината Вирсавеја.+ 15 Најпосле снема вода+ во мешината, и таа го фрли+ детето под една грмушка. 16 Потоа отиде и седна сама, на оддалеченост од едно дофрлање со стрела, велејќи: „Не можам да гледам како умира детето“.+ Седејќи така малку подалеку, гласно заплака.+
17 А Бог го чу гласот на момчето,+ па Божји ангел ја викна Агара од небото и ѝ рече:+ „Што ти е, Агаро? Не плаши се, зашто Бог го чу гласот на момчето од таму каде што е! 18 Стани, крени го момчето и цврсто држи го со раката, зашто од него ќе направам голем народ!“+ 19 Тогаш Бог ѝ ги отвори очите, та здогледа бунар во кој имаше вода.+ И таа отиде, ја наполни мешината со вода и му даде на момчето да пие. 20 А Бог и понатаму беше со момчето,+ и тоа растеше и живееше во пустината, па стана стрелец.+ 21 И се насели во пустината Фаран,+ а мајка му му зеде жена од египетската земја.
22 Во тоа време Авимелех, заедно со Фихол, заповедникот на неговата војска, му рече на Авраам: „Бог е со тебе во сѐ што правиш.+ 23 Затоа, заколни ми се овде во Бог+ дека нема да ме измамиш ни мене, ни моето потомство, ни мојот род,+ туку дека мене и на земјата во која си дојденец+ ќе ни правиш добро* како што јас ти правев тебе“.+ 24 Тогаш Авраам рече: „Се колнам“.+
25 Кога Авраам остро го прекори Авимелех поради бунарот што слугите на Авимелех сосила го беа присвоиле,+ 26 Авимелех рече: „Не знам кој го сторил тоа, ниту, пак, ти си ми кажал нешто, а ниту јас сум чул нешто за тоа до денес“.+ 27 Тогаш Авраам зеде овци и говеда и му ги даде на Авимелех,+ па двајцата склучија сојуз.+ 28 Кога Авраам одвои седум женски јагниња од стадото, 29 Авимелех му рече: „Што значат овие седум женски јагниња што си ги одвоил?“ 30 А тој одговори: „Прими ги седумте јагниња од мојава рака за да ми бидат сведоштво+ дека јас сум го ископал овој бунар“. 31 Затоа местото го нарече Вирсавеја,+ зашто таму обајцата се заколнаа. 32 Така склучија сојуз+ во Вирсавеја. Потоа Авимелех и Фихол, заповедникот на неговата војска, станаа и се вратија во земјата на Филистејците.+ 33 А Авраам насади дрвце тамарис во Вирсавеја и таму го повика името на Јехова,+ вечниот Бог.+ 34 И Авраам помина уште многу денови како дојденец во земјата на Филистејците.+