2. Царевите
20 Во тоа време, Езекија се разболе на смрт.+ Тогаш пророкот Исаија,+ синот на Амос, дојде кај него и му рече: „Вака вели Јехова: ‚Издај му ги потребните заповеди на својот дом+ зашто ќе умреш, нема да останеш жив‘ “.+ 2 Тогаш тој го сврти лицето кон ѕидот+ и му се помоли на Јехова:+ 3 „Те молам, Јехова, те молам, сети се+ како ти служев*+ верно*+ и ти бев оддаден со цело срце+ и го правев она што е добро во твои очи“.+ И Езекија заплака горко.+
4 Исаија уште не беше излегол до средниот двор кога му дојде Јеховината реч:+ 5 „Врати се и речи му на Езекија, водачот+ на мојот народ: ‚Вака вели Јехова, Богот+ на Давид, твојот прататко: „Ја чув+ твојата молитва+ и ги видов твоите солзи.+ Еве, ќе те излекувам,+ и по три дена ќе отидеш во Јеховиниот дом.+ 6 На твојот век ќе му додадам петнаесет години и ќе ве избавам од рацете на асирскиот цар тебе и овој град, и ќе го бранам овој град+ заради себе и заради Давид, мојот слуга“ ‘ “.+
7 А Исаија рече: „Донесете облог од суви смокви“.+ И тие донесоа и му го ставија на чирот,+ така што тој оздраве.+
8 Во меѓувреме, Езекија го праша Исаија: „Кој е знакот+ дека Јехова ќе ме излекува и дека ќе отидам во Јеховиниот дом по три дена?“ 9 А Исаија одговори: „Ова ти е знакот+ од Јехова дека Јехова ќе ја исполни речта што ти ја кажа: сакаш ли сенката да се помести за десет скалила напред или да се врати за десет скалила назад?“ 10 А Езекија одговори: „Лесно ѝ е на сенката да се издолжи за десет скалила, но не е лесно да се врати за десет скалила назад“.+ 11 Тогаш пророкот Исаија го повика Јехова, кој ја врати за десет скалила назад сенката на скалилата, која се беше спуштила по Ахазовите скали.+
12 Во тоа време, Веродах-Валадан,+ синот на Валадан, вавилонскиот цар,+ му испрати писма+ и подарок на Езекија, зашто чу дека Езекија бил болен. 13 А Езекија ги сослуша неговите пратеници и им ја покажа целата своја ризница,+ среброто, златото,+ балсамот,+ скапоценото масло, својата оружарница и сѐ што беше во неговите ризници. Немаше ништо во неговиот дом и во целото негово царство што Езекија не им го покажа.+
14 Потоа пророкот Исаија дојде кај цар Езекија и го праша:+ „Што ти рекоа тие луѓе и од каде дојдоа кај тебе?“+ А Езекија одговори: „Дојдоа од далечна земја, од Вавилон“. 15 А тој го праша: „Што видоа во твојот дом?“ А Езекија одговори: „Видоа сѐ што е во мојот дом. Не остана ништо во моите ризници што не им го покажав“.+
16 Тогаш Исаија му рече на Езекија: „Чуј ја Јеховината реч:+ 17 ,Еве, доаѓаат денови кога сѐ што е во твојот дом+ и што го насобрале до денес твоите прататковци ќе биде однесено во Вавилон.+ Ништо нема да остане‘,+ вели Јехова. 18 ,И некои од твоите синови што ќе потекнат од тебе, кои ќе ти се родат, ќе бидат одведени+ и ќе станат дворјани+ во палатата на вавилонскиот цар‘ “.+
19 Тогаш Езекија му рече на Исаија: „Добра е Јеховината реч што ја кажа ти“.+ Потоа додаде: „Добра е, нели? Зашто мирот и вистината+ ќе траат додека сум жив јас“.+
20 Останатата историја на Езекија и сите негови потфати, како ги изгради езерцето+ и водоводот,+ па доведе вода во градот, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? 21 На крајот Езекија почина кај своите прататковци,+ а на негово место почна да владее неговиот син Манасија.+