Езекиел
4 „А ти, сине човечки, земи тула, стави ја пред себе и изрежи на неа слика од градот, од Ерусалим.+ 2 Постави опсада околу него,+ изгради околу него опсаден ѕид,+ подигни околу него опсаден насип,+ постави логори околу него и постави справи* за пробивање ѕидови насекаде околу него.+ 3 Потоа земи железна тава и постави ја како железен ѕид помеѓу себе и градот, па сврти го лицето кон него, и ќе биде опсаден, а ти ќе го опсадуваш. Тоа е знак за домот на Израел.+
4 Потоа легни на левата страна и стави го на неа престапот на домот Израелов.+ Колку дена ќе лежиш на неа, толку ќе го носиш нивниот престап. 5 За годините на нивниот престап+ јас ти давам ист број денови — триста и деведесет.+ Толку ќе го носиш престапот на домот Израелов. 6 Прави така во сите тие денови.
Потоа легни на десната страна и носи го престапот на домот на Јуда четириесет дена.+ Нека биде ден за година. Ти давам ден за година.+ 7 И сврти го лицето кон опсадата на Ерусалим,+ разголи ја својата рака и пророкувај против него.
8 Еве, ќе те врзам со јажиња+ за да не се свртиш од едната на другата страна додека не се навршат деновите на твојата опсада.
9 А ти земи пченица,+ јачмен, грав,+ леќа,+ просо и крупник,*+ па стави го сето тоа во еден сад и направи си леб. Ќе го јадеш онолку денови колку што ќе лежиш на својата страна: триста и деведесет дена.+ 10 Јадењето што ќе го јадеш ќе биде на мерка — дваесет сикли на ден.+ Ќе го јадеш одвреме-навреме.
11 И вода ќе пиеш со мерка: шестина ин.* Ќе ја пиеш одвреме-навреме.
12 Лебот што ќе го јадеш приготви го како погача од јачмен,+ а испечи го на сув човечки измет+ пред нивните очи.“ 13 И уште рече Јехова: „Така синовите на Израел ќе јадат нечист леб+ кај народите во кои ќе ги расеам“.+
14 Тогаш реков: „Леле, Севишен Господару Јехова! Еве, мојата душа не е извалкана,+ бидејќи од својата младост до денес не сум јал ниту пцовисани ниту раскинати животни,+ и во мојата уста не влегло никакво нечисто месо“.+
15 А тој ми возврати: „Еве, ти давам говедска лепешка наместо човечки измет, па печи го својот леб на неа“. 16 И додаде: „Сине човечки, еве, ќе ги уништам во Ерусалим резервите од леб,*+ па ќе јадат леб на мерка и во тегоба,+ и ќе пијат вода на мерка и со страв,+ 17 па ќе останат без леб и без вода и ќе се гледаат вчудовидено еден со друг и ќе изгнијат во својот престап“.+