1. Царевите
18 По многу време,+ односно во третата година, Јеховината реч му дојде на Илија: „Отиди и покажи му се на Ахав, зашто решив да пуштам дожд на земјата“.+ 2 Илија отиде да му се покаже на Ахав, а во Самарија владееше голем глад.+
3 Ахав го повика Авдија, кој беше управител на неговиот дворец.+ (А Авдија се боеше+ многу од Јехова. 4 Кога Језавела+ ги убиваше Јеховините пророци,+ Авдија зеде сто пророци и ги скри, по педесет во една пештера, па им носеше леб и вода.) + 5 Ахав му рече на Авдија: „Обиколи ги сите водни извори и сите потоци во земјата. Можеби ќе пронајдеме малку зелена трева+ за да ги зачуваме живи коњите и маските и за да не ни пцовисува повеќе стоката“.+ 6 Така ја поделија меѓу себе земјата што требаше да ја обиколат. Ахав отиде сам по еден пат, а Авдија отиде по друг пат, исто така сам.+
7 Додека Авдија беше на пат, гледај, во пресрет му дојде Илија.+ Штом го препозна, падна ничкум+ и рече: „Дали си тоа ти, господару мој+ Илија?“ 8 А тој му одговори: „Јас сум! Оди и речи му на својот господар:+ ‚Еве го Илија!‘ “ 9 Но тој му рече: „Каков грев+ направив за да го предадеш својот слуга во рацете на Ахав за да ме погуби? 10 Како што е жив Јехова,+ твојот Бог, нема ниту народ ниту царство во кое мојот господар не испрати некого да те бара. Кога му рекоа: ‚Не е овде‘, од тоа царство и од тој народ бараше да се заколнат дека не те нашле.+ 11 А ти сега велиш: ‚Оди и кажи му на својот господар: „Еве го Илија!“ ‘ 12 Кога ќе си отидам откај тебе, којзнае каде ќе те однесе Јеховиниот дух,+ па кога ќе дојдам кај Ахав и ќе му јавам, ако не те најде, ќе ме убие.+ А твојот слуга се бои од Јехова уште од младоста.+ 13 Зар не чу мојот господар што сторив јас кога Језавела ги убиваше Јеховините пророци, како скрив сто Јеховини пророци, по педесет во една пештера,+ и им носев леб и вода?+ 14 А ти сега велиш: ‚Оди и речи му на својот господар: „Еве го Илија!“ ‘ Тој ќе ме убие!“+ 15 Но Илија рече: „Како што е жив+ Јехова над војските+ пред кого стојам, денес ќе му се покажам“.
16 Тогаш Авдија тргна да го пресретне Ахав, и му ја јави веста, а Ахав тргна да се сретне со Илија.
17 И штом го здогледа Илија, Ахав му рече: „Ти ли си тој што му носи неволја на Израел?“+
18 А тој одговори: „Не му носам неволја+ на Израел јас, туку ти и домот на татко ти,+ зашто ги оставивте Јеховините заповеди+ и тргнавте по Вааловците.+ 19 Туку сега, заповедај да се собере целиот Израел кај мене на планината Кармил+ заедно со оние четиристотини и педесет Ваалови пророци+ и со оние четиристотини пророци кои го почитуваат обредниот дирек*+ и јадат на трпезата на Језавела“.+ 20 Ахав ги повика сите Израелови синови и ги собра пророците+ на планината Кармил.
21 Тогаш Илија му пристапи на целиот народ и рече: „До кога ќе кривите на двете страни?+ Ако е Јехова вистинскиот Бог, одете по него,+ а ако е Ваал, одете по него“. Но народот не му одговори ни збор. 22 А Илија му рече на народот: „Единствено уште јас останав како Јеховин пророк,+ а пророците на Ваал се четиристотини и педесет. 23 Нека ни дадат сега два јунца, па тие нека си изберат еден јунец, нека го исечат на парчиња и нека го стават на дрва, но нека не потпалуваат оган. А јас ќе го приготвам другиот јунец и ќе го ставам на дрва, но нема да потпалувам оган. 24 Тогаш вие повикајте го името на својот бог,+ а јас ќе го повикам името на Јехова. Богот што ќе одговори со оган+ е вистинскиот Бог“.+ Тогаш целиот народ одговори: „Добро кажа!“
25 Потоа Илија им рече на пророците на Ваал: „Изберете си еден јунец и први пригответе го, бидејќи вас ве има многу повеќе. И повикајте го името на својот бог, но не потпалувајте оган“. 26 И го зедоа јунецот што им го даде, го приготвија и го повикуваа името на Ваал од утро до пладне, велејќи: „Ваале, услиши нѐ!“ Но немаше ни глас+ ни одговор.+ А тие куцајќи играа околу жртвеникот што го направија. 27 Напладне Илија почна да им се подбива:+ „Викајте колку што ве држи гласот, зашто тој е бог!+ Можеби се замислил или му се приодило по нужда,+ па отишол да ја изврши!+ Или можеби спие, па треба да се разбуди!“+ 28 Тие почнаа да викаат колку што ги држеше гласот и да се сечат+ со ножеви и со копја, според својот обичај, сѐ додека не ги облеа крв. 29 Помина пладнето, а тие и понатаму се однесуваа збудалено, небаре паднале во пророчки занес,+ сѐ додека не дојде времето да се принесе житната жртва, но немаше ниту глас, ниту одговор, ниту, пак, знак дека некој ги слуша.+
30 Најпосле Илија му рече на целиот народ: „Приближете се до мене!“ И целиот народ му се приближи, а тој почна да го поправа Јеховиниот жртвеник, кој беше урнат.+ 31 И Илија зеде дванаесет камења, според бројот на племињата на синовите на Јаков, кому му дојде Јеховината реч:+ „Твоето име ќе биде Израел!“+ 32 И од тие камења изгради жртвеник+ во името на Јехова,+ а околу жртвеникот направи окоп кој опфаќаше подрачје што би можело да се засее со две сеи* семе. 33 Потоа ги нареди дрвата,+ го исече јунецот на парчиња и го стави на дрвата. Тогаш рече: „Наполнете четири ќупа со вода и излејте ја врз жртвата паленица и врз дрвата!“ 34 Потоа рече: „Направете го тоа уште еднаш!“ И го направија тоа уште еднаш. А тој рече: „Направете го тоа и по трет пат!“ 35 И водата потече насекаде околу жртвеникот, а и окопот се наполни со вода.
36 Кога дојде време+ да се принесе житната жртва, пророкот Илија пристапи и рече: „Јехова, Боже на Авраам,+ на Исак+ и на Израел,+ нека се објави денес дека ти си Бог во Израел+ и дека јас сум твој слуга и дека сето ова го направив според твојата реч!+ 37 Услиши ме, Јехова, услиши ме за да знае овој народ дека ти, Јехова,+ си вистинскиот Бог и дека ти го обраќаш нивното срце!“+
38 Тогаш слезе оган+ од Јехова и ги голтна жртвата паленица,+ дрвата, камењата и правот, и ја испи водата во окопот.+ 39 Кога го виде тоа, целиот народ падна ничкум+ и рече: „Јехова е вистинскиот Бог! Јехова е вистинскиот Бог!“ 40 А Илија им рече: „Фатете ги пророците на Ваал! Да не ви побегне ниту еден!“ И ги фатија, а Илија ги одведе во долината на Кисон+ и таму ги погуби.+
41 Потоа Илија му рече на Ахав: „Оди горе, јади и пиј,+ зашто се слуша шум што најавува пороен дожд“.+ 42 И Ахав отиде горе да јаде и да пие. А Илија се качи на врвот од Кармил, клекна на земја+ и си го стави лицето меѓу колената.+ 43 Потоа, на својот слуга му рече: „Те молам, оди горе и погледни кон морето“. И тој отиде горе и погледна, па рече: „Ништо не се гледа“. А тој одговори: „Оди пак!“ — и така седум пати.+ 44 На седмиот пат јави: „Ене, облак мал колку човечка дланка се крева од морето!“+ Тогаш Илија рече: „Оди и кажи му на Ахав: ‚Впрегни ги коњите+ и оди долу за да не те фати дождот‘ “. 45 Тогаш небото се замрачи од облаците и од ветрот,+ и падна силен пороен дожд.+ А Ахав се качи на колата и отиде во Језраел.+ 46 Јеховината рака беше над Илија+ и тој си ги подврза скутовите на облеката+ и трчаше пред Ахав дури до Језраел.+