Еремија
2 И ми дојде Јеховината реч:+ 2 „Оди и викај за да чуе жената Ерусалим: ‚Вака вели Јехова:+ „Добро се сеќавам на оддаденоста* што ја покажуваше во својата младост,+ љубовта што ја имаше додека беше свршена,+ и како одеше со мене во пустината, во земја каде што не се сее.+ 3 Израел беше свет за Јехова,+ првина од неговите плодови“ ‘.+ ‚Секој што го проголтуваше, си навлекуваше вина врз себе.+ Неволја го снаоѓаше‘, рече Јехова“.+
4 Чујте ја Јеховината реч, доме Јаковов,+ сите семејства на домот на Израел!+ 5 Вака вели Јехова: „Каква неправда најдоа вашите татковци во мене,+ па се оддалечија од мене+ и одеа по ништожни идоли,+ та и самите станаа ништожни?+ 6 И не рекоа: ‚Каде е Јехова, кој нѐ изведе од египетската земја+ и нѐ водеше низ пустината, низ земја пуста+ и полна со јами, земја безводна+ и мрачна,+ земја низ која човек не поминал, ниту земен човек живеел во неа?‘
7 А јас ве доведов во земја на овоштарници за да јадете од нивниот род и од нивните добра.+ Но вие дојдовте и ја извалкавте мојата земја, моето наследство го направивте одвратно.+ 8 Свештениците не рекоа: ‚Каде е Јехова?‘+ Оние што се занимаваат со законот не ме познаваа,+ пастирите ми грешеа,+ пророците пророкуваа во името на Ваал,+ одеа по оние од кои нема корист.+
9 ‚Затоа ќе водам спор со вас‘,+ вели Јехова, ,и со синовите на вашите синови ќе водам спор.‘+
10 ‚Преминете на китимските брегови*+ и гледајте! Во Кидар+ испратете луѓе и добро размислете и испитајте дали некогаш се случило такво нешто!+ 11 Ги заменил ли некој народ своите богови,+ и тоа за оние што не се богови?+ А мојот народ ја замени мојата слава за нешто од кое нема корист.+ 12 Чудете се на тоа, небеса, и наежете се од голем ужас‘, вели Јехова,+ 13 ,зашто две зла направи мојот народ: ме оставија мене,+ изворот на жива вода,+ па си ископаа бунари,* испукани бунари, кои не можат да држат вода‘.
14 ‚Дали е Израел слуга?+ Дали е роб роден во куќата? Зошто стана плен? 15 Млади лавови рикаат на него,+ го подигаат гласот.+ Неговата земја ја претвораат во грозна глетка. Неговите градови се запалени, па нема жители.+ 16 Дури и синовите на Ноф*+ и Тафнис+ го оголија твоето теме.+ 17 Зарем не си го направи тоа самиот, оставајќи го Јехова, својот Бог,+ додека те водеше по патот?+ 18 Зошто да одиш во Египет+ за да пиеш вода од Сихор?+ Зошто да одиш во Асирија+ за да пиеш од Реката?* 19 Твојата злоба нека те поучи,+ твоите неверни дела нека те укорат!+ Сфати и увиди дека е зло и горчливо+ тоа што ме остави мене, Јехова, својот Бог, и не се исплаши од мене поради тоа‘,+ вели Севишниот+ Господар, Јехова над војските.
20 ‚Одамна го скршив твојот јарем,+ ги раскинав твоите окови. А ти рече: „Нема да ти служам“, зашто лежеше како блудница+ и вршеше блуд+ на секој висок рид и под секое зелено дрво.+ 21 А јас те посадив како благородна црвена лоза,+ како добро семе. Тогаш, зошто ми се измени и стана изопачен ластар од некоја туѓа лоза?‘+
22 ‚И да се измиеш со лужина и да земеш многу сапун,+ твојот престап уште би бил дамка пред мене‘,+ вели Севишниот Господар Јехова. 23 Како можеш да речеш: ‚Не се извалкав,+ не одев по Вааловците‘?+ Погледни го својот пат во долината!+ Види што си направила! Ти си како брза млада камила, која трча без цел по своите патишта, 24 како зебра+ навикната на пустината, која збивта+ од силен копнеж во душата — кој може да ја запре кога ќе ѝ дојде време да се пари? Тој што ја бара нема да се умори. Лесно ќе ја најде во нејзиниот месец. 25 Внимавај ногата да не ти остане боса и грлото да не ти ожедни.+ А ти рече: ‚Ништо од тоа!+ Вљубена сум во туѓинци+ и ќе одам по нив‘.+
26 Како што се засрамува крадецот кога ќе го фатат така се засрами и домот на Израел+ — тие, нивните цареви, нивните кнезови, нивните свештеници и нивните пророци.+ 27 Тие му велат на дрвото: ‚Ти си мој татко‘,+ — и на каменот: ‚Ти ме роди‘. А мене ми го свртеа грбот, а не лицето.+ Но во времето на својата неволја ќе речат: ‚Стани, спаси нѐ!‘+
28 Каде се твоите богови што си ги направи за себе?+ Нека станат ако можат да те спасат во времето на твојата неволја!+ Зашто, Јудо, колку што имаш градови толку имаш и богови.+
29 ‚Зошто ме обвинувате?+ Зошто сите ми грешите?‘+ — вели Јехова. 30 Залудно ги удирав вашите синови.+ Не извлекоа никаква поука.+ Вашиот меч ги голта вашите пророци како лав што пустоши.+ 31 Луѓе од ова поколение, чујте ја Јеховината реч!+
Зар на Израел му станав пустина+ или мрачна земја? Зошто мојот народ вели: ‚Одиме каде што сакаме, нема повеќе да дојдеме кај тебе‘?+ 32 Може ли девицата да го заборави својот накит, или невестата својот појас? А мојот народ ме заборава мене веќе безброј денови.+
33 Зошто си подготвуваш пат за да бараш љубов? Затоа и си ги навикнала своите патишта на зло!+ 34 На твоите скутови може да се најде крвта*+ на невините сиромаси.+ На сите твои скутови ја наоѓам нивната крв, иако не се затечени како провалуваат.+
35 А ти велиш: ‚Невина сум. Неговиот гнев сигурно се одвратил од мене‘.+
Еве, влегувам во спор со тебе затоа што велиш: ‚Не сум згрешила‘.+ 36 Зошто ги менуваш своите патишта толку лесно?+ И од Египет ќе се посрамиш,+ како што се посрами од Асирија.+ 37 Ќе отидеш покривајќи си ја главата со рацете,+ зашто Јехова ги отфрли оние на кои се надеваше, па ќе немаш успех надевајќи се на нив“.