Откровение
8 Кога Јагнето+ го отвори седмиот печат,+ настана тишина на небото која траеше околу половина час. 2 И ги видов седумте ангели+ кои стојат пред Бог. И им беа дадени седум труби.
3 И дојде еден друг ангел и застана кај жртвеникот+ со златна кадилница. И му беше дадено многу темјан+ за да го принесе на златниот жртвеник пред престолот додека се слушаа молитвите на сите свети. 4 И чадот од темјанот со молитвите+ на светите се крена пред Бог од рацете на ангелот. 5 Ангелот потоа ја зеде кадилницата и ја наполни со оган+ од жртвеникот и го фрли огнот на земјата.+ И настанаа громови+ и гласови и молњи+ и потрес.+ 6 А седумте ангели со седумте+ труби+ се подготвија да затрубат.
7 И затруби првиот. И настанаа град и оган+ измешани со крв, па беа фрлени на земјата. И третина од земјата изгоре,+ третина од дрвјата изгореа и сите зелени растенија+ изгореа.
8 И вториот ангел затруби. И нешто слично на голема гора+ запалена со оган беше фрлено во морето.+ И третина од морето стана крв.+ 9 И третина од живите* суштества во морето изгинаа+ и третина од бродовите беа разбиени.
10 И третиот ангел затруби. И голема ѕвезда, која гореше како светилка, падна од небото.+ Падна врз третина од реките и врз изворите на вода.+ 11 Името на ѕвездата е Пелин. И третина од водите се претворија во пелин, па многу луѓе изумреа од водите, бидејќи беа горчливи.+
12 И четвртиот ангел затруби. И беше удрена третина од сонцето и третина од месечината и третина од ѕвездите, па се помрачи+ третина од нив и денот остана без третина од својата светлина,+ а исто така и ноќта.
13 И погледнав, и зачув орел+ што лета среде небото+ како вели со силен глас: „Тешко, тешко, тешко+ на оние што живеат на земјата поради преостанатите трубни гласови од тројцата ангели кои допрва ќе затрубат!“+