3. Мојсеева
13 Јехова понатаму им рече на Мојсеј и на Арон: 2 „Ако некому му се појават по кожата на телото бронки или краста+ или дамка, па се чини дека кожата од неговото тело е заразена со лепра,+ тој човек треба да биде доведен кај свештеникот Арон или кај еден од неговите синови свештеници.+ 3 И свештеникот нека го прегледа заболеното место на кожата од неговото тело.+ Ако влакната на тоа место се побелени и ако трагите од болеста изгледаат подлабоки од кожата на неговото тело, тогаш таа болест е лепра. Свештеникот нека го види заболеното место, па нека го прогласи таквиот за нечист. 4 Но, ако дамката на кожата од неговото тело е бела и не изгледа подлабока од кожата, а влакната на неа не побелеле, тогаш свештеникот нека го одвои таквиот од заедницата+ седум дена. 5 Во седмиот ден свештеникот нека го прегледа, па ако се чини дека болеста престанала да се шири, дека болеста не се проширила по кожата, свештеникот нека го одвои од заедницата+ за уште седум дена.
6 Во седмиот ден свештеникот нека го прегледа по вторпат, па ако болеста избледнеала и не се проширила по кожата, свештеникот нека го прогласи таквиот за чист. Тоа е само краста. Тој човек нека си ја испере облеката, и ќе биде чист. 7 Но, ако крастата му се прошири по кожата откако дошол пред свештеникот за да го прогласи за чист, нека дојде и по вторпат пред свештеникот,+ 8 и свештеникот нека го прегледа. Ако крастата се проширила по кожата, свештеникот нека го прогласи за нечист. Тоа е лепра.+
9 Ако се појави на некој човек лепра, нека го одведат кај свештеникот. 10 Свештеникот нека го прегледа.+ Ако по кожата има бели бронки и ако влакната се побелени, а на местото каде што се бронките се појавила отворена рана,+ 11 тоа е долготрајна лепра+ на кожата од неговото тело. Свештеникот нека го прогласи за нечист. Нема потреба привремено да го одвојува од заедницата,+ зашто сигурно е нечист. 12 Ако лепрата избие по кожата и на болниот му ја покрие целата кожа од главата до петиците, сѐ што ќе видат очите на свештеникот, 13 кога свештеникот ќе го прегледа и ќе види дека лепрата му го прекрила целото тело, нека го прогласи болниот за чист. Поради тоа што сѐ побелело, тој е чист. 14 Но во оној ден кога на него ќе се појави отворена рана, ќе биде нечист. 15 Свештеникот+ нека ја прегледа отворената рана и нека го прогласи за нечист. Отворената рана е нечиста. Тоа е лепра.+ 16 Но, ако отворената рана се повлече и стане бела, човекот нека дојде кај свештеникот. 17 Свештеникот нека го прегледа+ и, ако заболеното место станало бело, свештеникот нека го прогласи болниот за чист. Тој е чист.
18 Ако некому на кожата од телото му се појави чир,+ па потоа се излечи, 19 а на местото на чирот се појават бели бронки или црвеникаво-бела дамка, тој човек нека му се покаже на свештеникот. 20 Свештеникот нека го прегледа+ тоа, па ако трагите од болеста изгледаат подлабоки од кожата и ако влакната на тоа место се побелени, свештеникот нека го прогласи таквиот за нечист. Таа болест е лепра. Избила во чирот. 21 Но, ако свештеникот го прегледа заболеното место и види дека на него нема бели влакна, дека местото не е подлабоко од кожата и дека е бледо, свештеникот нека го одвои таквиот од заедницата+ седум дена. 22 Ако се шири по кожата, свештеникот нека го прогласи за нечист. Тоа е болест. 23 Но, ако дамката остане на местото и не се прошири, тогаш тоа е воспаление+ на чирот. Свештеникот нека го прогласи за чист.+
24 Ако некој има изгореница на кожата од телото, па на живото месо од изгореницата се појави црвеникаво-бела или бела дамка, 25 свештеникот нека го прегледа тоа место, па ако влакната на дамката се побелени и ако дамката изгледа подлабока од кожата, тогаш тоа е лепра. Избила во изгореницата, и свештеникот нека го прогласи таквиот за нечист. Таа болест е лепра. 26 Но, ако свештеникот го прегледа тоа место и види дека нема бели влакна на дамката, дека местото не е подлабоко од кожата и дека е бледо, свештеникот нека го одвои таквиот од заедницата седум дена. 27 На седмиот ден свештеникот нека го прегледа. Ако дамката се шири по кожата, свештеникот нека го прогласи за нечист. Таа болест е лепра. 28 Но, ако дамката остане на местото и ако не се прошири по кожата и е бледа, тогаш тоа е дамка од изгореницата. Свештеникот нека го прогласи за чист. Тоа е воспаление на изгореницата.
29 Ако се појави некаква болест на главата или на брадата на маж или на жена, 30 свештеникот+ нека го види заболеното место. Ако трагите од болеста изгледаат подлабоки од кожата и ако влакната на тоа место се жолти и ретки, свештеникот нека го прогласи таквиот за нечист. Тоа е неприродно паѓање на влакната.+ Тоа е лепра на главата или на брадата. 31 Но, ако свештеникот го види заболеното место од кое неприродно паѓаат влакната и ако утврди дека трагите на болеста не се подлабоки од кожата и дека на него нема црни влакна, свештеникот нека го одвои од заедницата+ седум дена+ болниот на којшто му паѓаат влакната. 32 На седмиот ден свештеникот нека го види заболеното место од кое неприродно паѓаат влакната. Ако не се проширило и на него не се појавиле жолти влакна, и ако местото од кое паѓаат влакната+ не изгледа подлабоко од кожата, 33 болниот нека се избричи, но местото од кое неприродно паѓаат влакната нека не го бричи.+ И свештеникот повторно нека го одвои од заедницата за седум дена тој човек на кого му паѓаат влакната.
34 На седмиот ден, свештеникот нека го види местото од кое неприродно паѓаат влакната. Ако местото од кое неприродно паѓаат влакната не се проширило по кожата и ако не изгледа подлабоко од кожата, свештеникот нека го прогласи таквиот за чист,+ а тој нека си ја испере облеката и ќе биде чист. 35 Но, ако неприродното паѓање на влакната се прошири по кожата откако е прогласен за чист, 36 свештеникот+ нека го прегледа. И ако неприродното паѓање на влакната се проширило по кожата, свештеникот не треба да бара жолти влакна — човекот е нечист. 37 Но, ако се види дека неприродното паѓање престанало и дека на тоа место израснале црни влакна, неприродното паѓање на влакната е излечено. Човекот е чист, и свештеникот нека го прогласи за чист.+
38 Ако се појават дамки+ по кожата на телото на маж или на жена, и ако тие дамки се бели, 39 свештеникот+ нека ги прегледа. Ако дамките на кожата од нивното тело се бледи и бели, тогаш тоа се безопасни бронки. Избиле на кожата. Човекот е чист.
40 Ако на човек му падне косата од главата,+ тоа е ќелавост. Тој е чист. 41 Ако му падне косата од предната страна на главата, тоа е ќелавост на челниот дел. Тој е чист. 42 Но, ако по ќелавиот дел од темето или од челото се појави црвеникаво-бела болест, тоа е лепра што избила на ќелавиот дел од темето или на челото. 43 Свештеникот+ нека го прегледа. Ако на ќелавиот дел од темето или од челото има црвеникаво-бели бронки што изгледаат како лепра на кожата од човечко тело, 44 човекот е лепрозен. Нечист е. Свештеникот нека го прогласи за нечист. Болеста му е на главата. 45 А лепрозниот којшто ја има таа болест нека носи искината облека+ и косата нека му биде разбушавена.+ Нека ја покрие устата*+ и нека вика: ‚Нечист, нечист!‘+ 46 Во сите денови додека ја има болеста, ќе биде нечист. Нечист е. Нека живее одвоено. Живеалиштето нека му биде надвор од логорот.+
47 Ако лепрата се појави на облека — било на волнена било на ленена облека — 48 на основата+ или на потката од лен или од волна, или на кожа или на некаков предмет од кожа,+ 49 ако се појави жолтеникаво-зелена или црвеникава болест на облека, на кожа, на основа или на потка, или на каков и да било предмет од кожа, тоа е лепра и треба да му се покаже на свештеникот. 50 Свештеникот+ нека го види она на кое е болеста и нека го забрани пристапот+ до него седум дена. 51 Ако на седмиот ден види дека болеста се проширила по облеката, по основата или по потката,+ по кожата — по каков и да било предмет од кожа — тоа е заразна лепра.+ Тој предмет е нечист. 52 Нека ја изгори облеката, основата или потката од волна или од лен,+ или тој кожен предмет на којшто се појавила болеста, зашто тоа е заразна+ лепра. Да се изгори во оган.
53 Но, ако свештеникот види и утврди дека болеста не се проширила по облеката, по основата или по потката, или по каков и да е предмет од кожа,+ 54 свештеникот нека заповеда да се испере она на кое е болеста и нека го забрани пристапот до него уште седум дена. 55 И свештеникот нека ја види болеста откако предметот бил испран, па ако заболеното место изгледа исто, иако болеста не се проширила, тој предмет е сепак нечист. Изгори го во оган. Болеста го изгризала, сеедно дали од внатрешната или од надворешната страна.
56 Но, ако свештеникот види и утврди дека болеста избледнеала по перењето, нека го откине тој дел од облеката или од кожата, од основата или од потката. 57 Но ако сѐ уште се појавува на облеката, на основата и на потката,+ или на каков и да е предмет од кожа, тогаш болеста повторно избива. Изгори го+ во оган она на кое е болеста, сеедно што е тоа. 58 А облеката, основата или потката или предметот од кожа, сеедно каков е, кој си го испрал и од кој исчезнала болеста, испери го по вторпат и ќе биде чист.
59 Тоа е законот за лепра на облека од волна или од лен,+ на основа или на потка, или на каков и да е предмет од кожа, закон врз основа на кој некој предмет може да се прогласи за чист или за нечист“.