2. Царевите
(или, според грчката Септуагинта, ЧЕТВРТА КНИГА ЗА ЦАРЕВИТЕ)
1 По смртта на Ахав, Моав+ се побуни против Израел.+
2 Еден ден, Охозија падна+ низ решетката во својата горна соба+ во Самарија и се повреди. Затоа испрати гласници и им рече: „Одете и прашајте+ го Ваал-Зевул,*+ екронскиот+ бог, дали ќе закрепнам од оваа повреда“.+ 3 А Јеховин ангел+ му рече на Илија Тесвитецот:+ „Стани и појди им во пресрет на гласниците на самарискиот цар и речи им: ‚Зар нема Бог+ во Израел, па одите да се советувате со Ваал-Зевул, екронскиот бог? 4 Затоа, вака вели Јехова: „Нема да станеш од постелата на која си легнал, туку ќе умреш“ ‘ “.+ Откако го кажа тоа, Илија си замина.
5 Кога гласниците се вратија кај царот, тој ги праша: „Зошто се вративте?“ 6 А тие му одговорија: „Ни дојде во пресрет еден човек и ни рече: ‚Одете и вратете се кај царот кој ве испрати и речете му: „Вака вели Јехова:+ ‚Зар нема Бог во Израел, па испраќаш луѓе да се советуваат со Ваал-Зевул, екронскиот бог? Затоа нема да станеш од постелата на која си легнал, туку ќе умреш‘ “ ‘ “.+ 7 Тогаш ги праша: „Како изгледаше тој човек што ви дошол во пресрет и ви ги кажал тие зборови?“ 8 А тие му одговорија: „Имаше наметка од влакна+ и кожен појас опашан околу половината“.+ Тогаш рече: „Тоа е Илија Тесвитецот“.
9 Тогаш испрати кај него еден педесетник со неговите педесет луѓе.+ Кога отиде кај него, го најде како седи на врвот од планината. И му рече: „Божји човеку,+ царот нареди: ‚Слези!‘ “ 10 Но Илија му одврати на педесетникот: „Ако сум Божји човек, нека слезе оган+ од небото и нека ве голтне тебе и твоите педесет луѓе!“ И оган слезе од небото и ги голтна него и неговите педесет луѓе.+
11 Потоа повторно испрати кај него друг педесетник со неговите педесет луѓе.+ И овој му се обрати и му рече: „Божји човеку, царот нареди вака: ‚Брзо слези!‘ “+ 12 Но Илија им одврати: „Ако сум Божји човек, нека слезе оган од небото и нека ве голтне тебе и твоите педесет луѓе!“ И оган Божји слезе од небото и ги голтна него и неговите педесет луѓе.
13 Тогаш повторно испрати трет педесетник со неговите педесет луѓе.+ А кога отиде горе и дојде пред Илија, третиот педесетник падна на колена+ и го замоли за милост:+ „Божји човеку, те молам, нека бидат драгоцени+ во твои очи мојата душа+ и душите на овие твои педесет слуги. 14 Ете, оган слезе од небото и ги голтна+ првите двајца педесетници и нивните педесет луѓе, но мојата душа нека биде драгоцена во твои очи!“
15 Тогаш Јеховин ангел му рече на Илија: „Слези со него! Не плаши се од него!“+ Така стана и отиде со него пред царот, 16 па му рече: „Вака вели Јехова: ‚Зар нема Бог во Израел да се советуваш со него, па си пратил гласници+ да се советуваат со Ваал-Зевул, екронскиот+ бог? Затоа нема да станеш од постелата на која си легнал, туку ќе умреш‘ “. 17 На крајот и умре,+ според Јеховината реч+ што ја објави Илија. Поради тоа што немаше син, на негово место почна да владее Јорам+ во втората година од владеењето на Јорам,+ синот на Јосафат, царот на Јуда.
18 Останатата историја на Охозија+ и неговите дела, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на израелските цареви?