5. Мојсеева
12 Ова се уредбите+ и законите+ според кои треба совесно да постапувате+ во земјата која Јехова, Богот на твоите прататковци, ти ја дава како посед, во сите денови додека живеете на земјата.+ 2 Уништете ги до темел+ сите места на кои народите што ќе ги истерате им служат на своите богови, на високите планини, на ридовите и под секое зелено дрво.+ 3 Разурнете ги нивните жртвеници+ и искршете ги нивните обредни столбови,+ изгорете ги во оган нивните обредни диреци,+ испосечете ги режаните ликови+ на нивните богови и затрете им ги имињата во тоа место.+
4 Не правете му го на Јехова, својот Бог, истото што му го прават тие,+ 5 туку отидете на местото што ќе го избере Јехова, вашиот Бог, меѓу сите ваши племиња, за да го стави таму своето име и да живее таму, па таму одете.+ 6 Таму носете ги своите жртви паленици+ и другите свои жртви, своите десеттини,+ прилозите на своите раце,+ своите заветни жртви,+ своите доброволни жртви+ и првороденото од својата крупна и ситна стока.+ 7 И јадете го таму пред Јехова, својот Бог,+ и радувајте се на сето она со кое ќе се зафатите,+ вие и вашите домашни, зашто те благословил Јехова, твојот Бог.
8 Не постапувајте во иднина како што постапуваме овде ние денес, секој како што си мисли дека е исправно,+ 9 зашто уште не дојдовте до местото на починката+ и до наследството што ти го дава Јехова, твојот Бог. 10 Но ќе го минете Јордан+ и ќе се населите во земјата која Јехова, вашиот Бог ви ја дава во сопственост.+ Тој ќе ви даде да си отпочинете од сите свои непријатели кои се околу вас и да живеете без страв.+ 11 И на местото+ кое Јехова, вашиот Бог, ќе го избере за таму да престојува неговото име, ќе донесувате сѐ што ќе ви заповедам: своите жртви паленици+ и другите свои жртви, своите десеттини,+ прилозите на своите раце+ и сето она што ќе решите да му го заветувате+ на Јехова како своја заветна жртва. 12 И радувајте се пред Јехова, својот Бог,+ вие и вашите синови и вашите ќерки, вашите робови и вашите робинки и секој Левиев син што живее во вашите градови, зашто тој нема ни дел ни наследство со вас.+ 13 Внимавај да не ги принесуваш своите жртви паленици на кое и да било место што ќе го здогледаш,+ 14 туку само на местото што ќе го избере Јехова во едно од твоите племиња, таму принесувај ги своите жртви паленици и таму прави го сето она што ти го заповедам.+
15 Но, кога и да ти посака душата, можеш да колеш+ и да јадеш месо според благословот што ти го дава Јехова, твојот Бог, во сите твои градови. Од него смее да јаде и оној што е чист и оној што е нечист,+ како да е од газела или од елен.+ 16 Само не смеете да јадете крв.+ Истури ја на земја како вода.+ 17 Во својот град не смееш да ја јадеш десеттината од своето жито,+ ниту десеттината од своето младо вино, ниту десеттината од своето масло, ниту првороденото од својата крупна или ситна стока,+ ниту нешто од своите заветни жртви што ќе ги заветуваш, ниту своите доброволни жртви,+ ниту прилозите на своите раце,+ 18 туку јади го тоа пред Јехова, својот Бог, на местото што ќе го избере Јехова, твојот Бог,+ ти и син ти и ќерка ти, твојот роб и твојата робинка и секој Левиев син што живее во твојот град. И радувај се+ пред Јехова, својот Бог, на сето она со кое ќе се зафатиш. 19 Внимавај да не ги заборавиш Левиевите+ синови сѐ додека си жив на својата земја.
20 Кога Јехова, твојот Бог, ќе ги прошири твоите граници,+ како што ти вети,+ ако кажеш: ‚Сакам да јадам месо‘, зашто твојата душа сака да јаде месо, можеш да го јадеш кога и да ти посака душата.+ 21 Ако е далеку од тебе местото што Јехова, твојот Бог, ќе го избере за да престојува таму неговото име,+ заколи нешто од својата крупна или ситна стока што ти ја дава Јехова, како што ти заповедам, па јади во својот град кога и да ти посака душата.+ 22 Но, јади го тоа само така како што се јаде газела или елен:+ од тоа смее да јаде и оној што е нечист+ и оној што е чист. 23 Само биди цврст во својата одлука да не јадеш крв,+ зашто крвта е душа.+ Не јади ја душата со месото. 24 Не јади ја! Истури ја на земја како вода.+ 25 Не јади ја за да ти биде добро+ и тебе и на твоите синови по тебе, зашто го правиш она што е исправно во Јеховини очи.+ 26 Само своите свети работи+ што ќе ги принесеш и своите заветни жртви+ земи ги и дојди на местото што Јехова ќе го избере.+ 27 И принеси ги своите жртви паленици,+ месото и крвта,+ на жртвеникот на Јехова, твојот Бог. Крвта на твоите жртви нека се пролее на подножјето од жртвеникот на Јехова,+ твојот Бог, а месото смееш да го јадеш.
28 Гледај да ги слушаш сите овие зборови што ти ги заповедам,+ за да ти биде добро+ довека и тебе и на твоите синови по тебе, зашто го правиш она што е добро и исправно во очите на Јехова, својот Бог.+
29 Кога Јехова, твојот Бог, ќе ги истреби од пред тебе народите против кои одиш за да го заземеш нивниот имот,+ тогаш земи го нивниот имот и насели се во нивната земја.+ 30 Чувај се да не се поведеш по нив и да не паднеш во замка+ откако ќе бидат истребени од пред тебе, и да не почнеш да се распрашуваш за нивните богови, велејќи: ‚Како им служеа тие народи на своите богови? И јас ќе го правам истото‘. 31 Не прави му го тоа на Јехова, својот Бог,+ зашто тие им го прават на своите богови сето она кое Јехова го мрази и му е одвратно, дури ги горат во оган своите синови и ќерки за своите богови.+ 32 Совесно држете го секој збор што ви го заповедам.+ Кон тоа ништо не додавајте и не одземајте.+