Маскил. Псалм од Етан Езраховецот.+
89 За Јеховината милост ќе пеам довека.+
Твојата верност ќе ја објавувам со својата уста низ сите поколенија.+
2 Зашто реков: „Милоста, како цврста градба, ќе стои довека.+
На небесата ја утврди својата верност“.+
3 „Склучив сојуз со својот избраник,+
му се заколнав на Давид, својот слуга:+
4 ‚Ќе го утврдам твоето потомство за навек+
и ќе го изѕидам твојот престол+ за сите поколенија‘.“ (Села)
5 О Јехова, небесата ќе го фалат твоето чудесно дело+
и твојата верност, на собирот на светите.
6 Зашто, кој на небото може да се спореди со Јехова?+
Кој од Божјите синови му е сличен на Јехова?+
7 Светите, со кои Бог е близок, треба да имаат страхопочит кон него.+
Тој е величествен и им влева страв на сите што се околу него.+
8 О Јехова, Боже над војските,+
кој е силен како тебе, Јах?+
Ти си верен во сѐ.+
9 Ти владееш со плимата на морето.+
Кога морето ги подига своите бранови, ти ги смируваш.+
10 Ти го здроби Раав,+ како човек што е смртно ранет.+
Со својата силна рака ги распрсна своите непријатели.+
11 Твое е небото+ и твоја е земјата,+
ти ја втемели+ почвата и сѐ што е на неа.+
12 Ти ги создаде северот и југот,+
Тавор+ и Хермон+ извикуваат радосно, фалејќи го твоето име.+
13 Мишката ти е силна,+
раката ти е цврста,+
а десницата ти е подигната.+
14 Праведноста и правдата се темелот на твојот престол,+
милоста и вистинољубивоста чекорат пред твоето лице.+
15 Среќен е народот кој знае радосно да воскликнува.+
О Јехова, тие одат во светлината на твоето лице!+
16 Поради твоето име се веселат по цел ден+
и твојата праведност ги возвишува.+
17 Зашто, ти си убавината на нивната сила,+
со твојата милост нашиот рог се издигнува победнички.+
18 Зашто, нашиот штит е од Јехова+
и нашиот цар е од Светецот на Израел.+
19 Тогаш ти им прозборе во видение на своите лојални слуги+
и рече:
„Му помогнав на јунакот,+
го возвишив избраникот од народот.+
20 Го најдов Давид, својот слуга,+
со своето свето масло го помазав.+
21 Мојата силна рака ќе биде со него,+
мојата мишка ќе го зајакне.+
22 Никаков непријател нема да му наметнува данок,+
синот на неправдата нема да го угнетува.+
23 Пред него ги здробив неговите противници,+
им нанесував удари на оние што многу го мразат.+
24 Мојата верност и мојата милост се со него,+
заради моето име се издигнува победнички неговиот рог.+
25 На морето ја ставив неговата рака,+
на реките — неговата десница.+
26 Тој ми вели: ‚Ти си мојот Татко,+
мојот Бог+ и Карпата на моето спасение‘.+
27 А јас ќе го направам првороден,+
највисок меѓу царевите на земјата.+
28 Довека ќе ја зачувам својата милост кон него,+
и сојузот што го склучив со него никогаш нема да биде раскинат.+
29 И неговото потомство ќе го поставам да стои довека+
и престолот негов да трае како деновите на небото.+
30 Ако моите синови го остават мојот закон+
и ако не живеат според моите законски одлуки,+
31 ако ги осквернат моите одредби
и ако не ги држат моите заповеди,
32 ќе морам со стап да го казнам нивниот престап+
и со удари нивната вина.+
33 Но нема да му ја скратам мојата милост,+
и нема да ја погазам својата верност.+
34 Нема да го осквернам својот сојуз,+
зборот од своите усни нема да го променам.+
35 Еднаш се заколнав во својата светост,+
нема да го лажам Давид.+
36 Неговото потомство ќе биде вечно+
и неговиот престол — како сонцето пред мене.+
37 Ќе стои цврсто довека како месечината,
како верен сведок на небото“. (Села)
38 А ти го отфрли и го презираш,+
се разгневи на својот помазаник.+
39 Го презре сојузот со својот слуга,
ја оскверни неговата круна,+ фрлајќи ја на земја.
40 Ги разурна сите негови камени трла,+
ги претвори во урнатини неговите тврдини.+
41 Го ограбуваат сите што поминуваат по патот,+
тој им стана за потсмев на своите соседи.+
42 Ја подигна десницата на неговите противници,+
ги развесели сите негови непријатели.+
43 А мечот негов пак го сметаш за непријател+
и не му даваш да напредува во бојот.+
44 Му стави крај на неговиот сјај+
и го собори на земја неговиот престол.+
45 Му ги скрати деновите на младоста,
го обви со срам.+ (Села)
46 До кога ќе се криеш, Јехова? Зар засекогаш?+
Зар твојата јарост ќе гори како оган?+
47 Сети се колкав е мојот животен век.+
Зар залудно ги создаде сите човечки синови?+
48 Кој жив човек нема да види смрт?+
Може ли да си ја избави душата од раката на гробот?+ (Села)
49 Каде се твоите поранешни дела на милост, Јехова,
за кои им се заколна на Давид во својата верност?+
50 Сети се, Јехова, на срамот на своите слуги,+
дека во пазуви го носам срамот на многуте народи.+
51 Сети се како твоите непријатели се подбиваа, о Јехова,+
како ги исмеваа чекорите на твојот помазаник.+
52 Благословен да е Јехова довека! Амин! Амин!+