Јов
26 Тогаш Јов одговори:
2 „Е, баш му помогна на оној што нема сила!
Навистина ја избави обессилената рака!+
4 Кому му ги кажа тие зборови?
Чии зборови излегуваа од тебе?
5 Немоќните мртовци треперат
под водите и под оние што живеат во нив.+
7 Тој го оптегнува северот над празнината,+
ја држи земјата обесена на ништо.
8 Ги врзува водите во своите облаци+
за да не се скинат облаците под нив.
9 Го покрива својот престол,
простирајќи го облакот+ преку него.
10 Нацрта круг над површината на водите,+
каде што завршува светлината, а почнува темнината.
11 Столбовите на небото се тресат
и остануваат зачудени кога тој ќе се закани.