5. Мојсеева
33 А ова е благословот+ со кој Мојсеј, Божјиот човек,+ ги благослови синовите на Израел пред својата смрт. 2 И рече:
„Јехова дојде од Синај,+
ги осветли од Сеир.+
Светна од фаранските планини,+
со него се неброени илјади свети ангели,+
а оддесно му беа нивните воини.+
3 Тој навистина го сака својот народ.+
Во твоја рака, Боже, се сите нивни свети.+
Се собраа кај твоите нозе+
за да ги примат зборовите твои.+
7 А ова е благословот што го изрече за Јуда:+
„Чуј го, Јехова, гласот на Јуда,+
одведи го кај неговиот народ.
Неговите раце се борат за она што му припаѓа,
помогни му против неговите непријатели“.+
8 А за Леви рече:+
„Твојот Тумим и твојот Урим*+ му припаѓаат на човекот што ти е верен,+
кого го испита во Маса.+
Се препираше со него кај водите на Мерива,+
9 и тој рече за својот татко и за својата мајка: ‚Не ги видов‘.
Ни своите браќа не ги познаваше+
и не знаеше за своите синови,
зашто ја вршеше речта+
и го држеше твојот сојуз.+
10 Нека го поучува Јаков за твоите заповеди+
и Израел за твојот закон.+
Нека принесува темјан пред твоите носници+
и цели жртви паленици на твојот жртвеник.+
11 Јехова, благослови ја неговата сила,+
нека ти биде пријатно делото на неговите раце.+
Скрши им ги бедрата на оние што се креваат против него+
и на оние што многу го мразат, за да не станат повеќе“.+
12 За Венијамин рече:+
„Покрај Јехова нека живее без страв+ неговиот љубимец.+
Бог нека го штити по цел ден,+
нека живее меѓу неговите раменици“.+
13 За Јосиф рече:+
„Јехова нека ја благословува неговата земја+
со добар небесен дар, со роса,+
и со водната бездна што лежи одоздола,+
14 со најдобрите плодови што ги дава сонцето+
и со најдобриот род во секој месец,*+
15 со најдоброто од источните планини+
и со најдоброто од вечните ридови,
16 со најдобрите плодови од земјата и со нејзиното изобилство+
и со милоста од оној што живееше во грмушка.+
Сето тоа нека дојде на Јосифовата глава,+
на темето на оној што е издвоен од неговите браќа.+
17 Величествен е како првороденецот на бикот,+
неговите рогови се рогови на див бик.+
Со нив ќе ги боде народите+
дури до крајот на земјата.
Такви се мноштвата на Ефремовите илјади,+
такви се илјадниците на Манасија“.
19 Ќе викаат народи на онаа планина,
таму ќе принесуваат жртви на праведноста.+
Зашто, ќе го цицаат изобилното морско богатство+
и богатството скриено во песокот“.
20 За Гад рече:+
„Благословен да е оној што ги шири границите на Гад!+
Како лав ќе почива,+
и ќе ги растргне раката и темето.+
21 За себе ќе ја избере најдобрата земја,+
зашто таму му го зачува делот оној што го даде законот.+
Ќе се соберат народните поглавари,
ќе ја спроведуваат правдата на Јехова
и неговите закони во Израел“.
23 За Нефталим рече:+
„Јехова го наситува Нефталим со својата милост
и го опсипува со својот благослов.
Освој ги западот и југот!“+
24 За Асер рече:+
„Асер е благословен со синови.+
Нека стекне признание од своите браќа+
и нека ја натопува својата нога во масло!+
26 Никој не е како вистинскиот Бог+ на Есурун,+
кој јава на небото за да ти помогне+
и на облаците небесни во својата возвишеност.+
27 Прадревниот Бог е твоето засолниште,+
под тебе се вечните раце.+
Тој ќе ги гони пред тебе непријателите+
и ќе рече: ‚Погуби ги!‘+