1. Царевите
14 Во тоа време се разболе+ Авија, синот на Јеровоам. 2 И Јеровоам ѝ рече на својата жена: „Те молам, стани и преправи се,+ за да не те препознаат дека си жената на Јеровоам, па појди во Сило. Ете, таму е пророкот Ахија.+ Тој ми рече дека ќе станам цар над овој народ.+ 3 Понеси десет леба,+ колачиња и грне со мед, па појди кај него.+ Тој сигурно ќе ти каже што ќе биде со детето“.+
4 И жената на Јеровоам направи така. Стана, отиде во Сило+ и дојде во куќата на Ахија. А Ахија не можеше повеќе да гледа, зашто од старост го беше изгубил видот.+
5 Но Јехова му рече на Ахија: „Еве доаѓа жената на Јеровоам за да те праша за својот син, зашто е болен. Ти кажи ѝ вака и вака. А кога ќе дојде, ќе се преправа дека не е таа“.+
6 Штом ги слушна нејзините чекори кога влезе на вратата, Ахија рече: „Влези, жено на Јеровоам!+ Зошто се преправаш дека не си ти кога сум испратен да ти пренесам тешка порака? 7 Оди и речи му на Јеровоам: ‚Вака вели Јехова, Богот на Израел: „Те подигнав од твојот народ за да те поставам за водач на мојот народ Израел,+ 8 и го истргнав+ царството од Давидовиот дом и ти го дадов тебе. Но, ти не беше како мојот слуга Давид, кој ги држеше моите заповеди и ми беше оддаден* со сето свое срце, правејќи го само она што е право во мои очи,+ 9 туку почна да постапуваш полошо од сите свои претходници, па отиде и си направи друг бог+ и леани ликови+ за да ме навредуваш,+ а мене ми сврте грб.+ 10 Затоа, еве, ќе му нанесам неволја на домот на Јеровоам и ќе му сотрам на Јеровоам сѐ што е машко,*+ дури и најмалите и безвредните во Израел,+ и ќе го изметам домот на Јеровоам+ како што се чисти измет додека не се отстрани сосема.+ 11 Оној од домот на Јеровоам што ќе умре во градот, ќе го изедат кучињата,+ а оној што ќе умре во полето, ќе го изедат небесните птици,+ зашто така вели Јехова‘ “.
12 А ти стани и оди си дома! Штом ќе стапнеш со нозете во градот, детето ќе умре. 13 Целиот Израел ќе го оплакува+ и ќе го погребе, и единствено тој од домот на Јеровоам ќе биде положен во гроб, зашто само во него од домот на Јеровоам се најде нешто добро пред Јехова, Богот на Израел.+ 14 И Јехова ќе подигне за себе цар+ над Израел кој ќе го истреби во оној ден домот на Јеровоам. И зар не се случува тоа уште сега?+ 15 Јехова ќе го удри Израел, па ќе се заниша како трска во вода.+ Ќе го откорне+ Израел од оваа добра земја+ што им ја даде на нивните прататковци и ќе ги расее+ од онаа страна на Реката,+ затоа што си направија обредни диреци*+ и така го навредуваа+ Јехова. 16 И ќе го напушти Израел+ поради гревот што го направи Јеровоам, со кој го наведе Израел на грев“.+
17 Тогаш жената на Јеровоам стана и отиде во Терса.+ Штом стапна на куќниот праг, детето умре. 18 Го закопаа и целиот Израел го оплакуваше, според Јеховината реч што ја кажа преку пророкот Ахија, својот слуга.
19 А останатата историја на Јеровоам, како војуваше+ и како владееше, сето тоа е запишано во летописите+ на израелските цареви. 20 Јеровоам владееше дваесет и две години, а потоа почина кај своите прататковци.+ На негово место почна да владее неговиот син Надав.+
21 Ровоам,+ синот на Соломон, беше цар во Јуда. Ровоам имаше четириесет и една година кога почна да владее и владееше седумнаесет години во Ерусалим, градот+ што Јехова го избра меѓу сите Израелови племиња+ за да престојува таму неговото име.+ Мајка му се викаше Наама и беше Амонка.+ 22 А народот во Јуда го правеше она што е зло во Јеховини очи.+ Со гревовите што ги направија ја предизвикуваа неговата љубомора+ повеќе отколку сите нивни прататковци.+ 23 Зашто и тие си градеа обредни височинки,+ си правеа свети столбови+ и обредни диреци+ на секое високо ритче+ и под секое зелено дрво.+ 24 Имаше дури и машки храмски блудници во земјата.+ Ги правеа сите гадости што ги правеа народите кои Јехова ги истера од пред Израеловите синови.+
25 А во петтата година од царувањето на Ровоам, египетскиот цар Сисак+ дојде против Ерусалим. 26 Го зеде богатството од Јеховиниот дом и богатството од царскиот дворец,+ зеде сѐ.+ Ги зеде и сите златни штитови што ги направи Соломон.+ 27 Наместо нив, цар Ровоам направи бакарни штитови и им ги довери на заповедниците на телесната стража,*+ која стражареше на влезот во царскиот дворец, за да ги чува.+ 28 Секогаш кога царот одеше во Јеховиниот дом, неговите телесни стражари ги носеа, а потоа ги враќаа во стражарницата на телесната стража.+
29 Останатата историја на Ровоам и сѐ што правеше, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? 30 А за сето тоа време се водеше војна меѓу Ровоам и Јеровоам.+ 31 На крајот Ровоам почина кај своите прататковци и беше погребан кај своите прататковци во Давидовиот град.+ Мајка му се викаше Наама и беше Амонка.+ Наместо него почна да владее неговиот син Авијам.+