Исаија
36 Во четиринаесеттата година од царувањето на Езекија, дојде Сенахирим,+ асирскиот цар,+ против сите утврдени градови на Јуда и ги освои.+ 2 Најпосле асирскиот цар го испрати рапшакот*+ да дојде со силна војска од Лахис+ во Ерусалим+ кај цар Езекија. И застана кај водоводот+ од горното езерце,+ на патот што води до нивата на белачот на алишта.+ 3 Тогаш кај него излегоа Елијаким,+ синот на Хелкија, дворски управител, Шевна,+ писарот, и Јоах,+ синот на Асаф,+ летописецот.+
4 И рапшакот им рече: „Речете му на Езекија: ‚Вака вели големиот цар,+ царот на Асирија:+ „Каква е таа надеж на која се надеваш?+ 5 Ти велиш: ‚Имам вештина и сила потребна за војна‘, но тоа се само празни зборови.+ На кого се потпираш, па се побуни против мене?+ 6 Ете, се надеваш на поддршката од Египет,+ скршената трска,+ која му ја продупчува дланката на оној што ќе се потпре на неа. Таков е фараонот,+ египетскиот цар, за сите што се надеваат на него.+ 7 А ако ми кажеш: ‚Се надеваме на Јехова, својот Бог‘, зарем Езекија не ги отстрани+ токму неговите височинки+ и жртвеници, па им вели на Јуда и на Ерусалим: ‚Пред овој жртвеник клањајте се‘?“ ‘+ 8 Ајде обложи се+ со мојот господар, асирскиот цар:+ ќе ти дадам две илјади коњи, па да видиме дали ќе најдеш јавачи за нив.+ 9 Тогаш, како ќе поразиш еден единствен управител меѓу најмалите слуги на мојот господар,+ кога се надеваш дека Египет ќе ти даде коли и коњаници?+ 10 Впрочем, зарем јас сум тргнал да ја опустошам оваа земја без одобрување од Јехова? Лично Јехова ми рече:+ ‚Оди против таа земја и опустоши ја!‘ “+
11 Тогаш Елијаким,+ Шевна+ и Јоах+ му рекоа на рапшакот:+ „Те молиме, зборувај им на своите слуги на сириски,*+ зашто ние разбираме. Немој да ни зборуваш на јудејски*+ пред народот што е на ѕидот“.+ 12 Но рапшакот рече: „Зарем ме испрати мојот господар да ви ги кажам овие зборови тебе и на твојот господар? Зарем не ме испрати кај луѓето што стојат на ѕидот, кои ќе мораат заедно со вас да го јадат својот измет и да ја пијат својата моч?“+
13 Потоа рапшакот, стоејќи и понатаму на тоа место,+ фати да вика колку што го држеше гласот и да вели на јудејски:+ „Чујте ги зборовите на големиот цар, царот на Асирија!+ 14 Вака вели царот: ‚Не дозволувајте да ве измами Езекија,+ зашто тој не може да ве избави!+ 15 Не дозволувајте да ве наговори Езекија да се надевате на Јехова,+ велејќи ви: „Јехова сигурно ќе нѐ избави.+ Овој град нема да биде предаден во рацете на асирскиот цар“.+ 16 Не слушајте го Езекија, зашто вака вели асирскиот цар: „Предајте ми се+ мене и излезете кај мене, па секој од вас нека јаде од својата лозница и од својата смоква+ и секој од вас нека пие вода од својот бунар,*+ 17 додека да дојдам и да ве одведам во земја каква што е вашата,+ во земја на житото и на младото вино, во земја на лебот и на лозјата! 18 Не дозволувајте да ве заведе Езекија,+ велејќи: ‚Јехова ќе нѐ избави‘! Дали боговите на другите народи ги избавија своите земји од раката на асирскиот цар?+ 19 Каде се боговите на Емат+ и на Арфад?+ Каде се боговите на Сефарваим?+ Дали ја избавија Самарија од мојава рака?+ 20 Кој од сите богови на тие земји ја избави својата земја од мојава рака,+ па сега Јехова да го избави Ерусалим од мојава рака?“ ‘ “+
21 А тие молчеа и не му одговорија ни збор,+ зашто заповедта на царот гласеше: „Немојте да му одговарате!“+ 22 Потоа Елијаким,+ синот на Хелкија, дворски управител,+ Шевна,+ писарот, и Јоах,+ синот на Асаф, летописецот, си ги раскинаа облеките,+ па отидоа кај Езекија и му ги кажаа зборовите на рапшакот.+