Давидов псалм.
א [алеф]
37 Не гневи се поради оние што прават зло.+
Не завидувај им на оние што вршат неправда.+
2 Зашто, ќе овенат+ брзо како трева,
како млада зелена трева ќе се исушат.+
ב [бет]
3 Имај доверба во Јехова и прави добро,+
живеј на земјата и постапувај верно.+
4 Јехова нека биде твојата радост,+
па ќе добиеш од него што ти срце сака.+
ג [гимел]
5 Префрли му ги на Јехова животните грижи,+
потпри се на него,+ и тој ќе ти помогне.+
6 И ќе ја изведе праведноста твоја како светлина+
и правдата твоја како пладне.+
ד [далет]
7 Молчи пред Јехова+
и желно чекај го.+
Не гневи се на оној што е успешен на својот пат,+
на човек што го прави она што го замислил.+
ה [хеј]
8 Отфрли го гневот и остави ја лутината,+
не гневи се — тоа само води до зло.+
9 Зашто, оние што прават зло, ќе бидат истребени,+
а оние што се надеваат на Јехова, ќе ја поседуваат земјата.+
ו [вав]
10 Уште малку, и злиот ќе го снема.+
Ќе го побараш на местото негово, а него ќе го нема.+
11 А кротките ќе ја поседуваат земјата+
и ќе уживаат во изобилен мир.+
ז [заин]
12 Злиот смислува сплетки против праведниот+
и чкрта со забите против него.+
13 Јехова му се смее,+
зашто гледа дека му доаѓа денот.+
ח [хет]
14 Злите извлекуваат меч и оптегнуваат лак+
за да ги соборат страдалникот и сиромавиот,+
за да ги погубат оние што се справедливи на својот пат.+
15 Сопствениот меч ќе им се забие в срце+
и нивните лакови ќе се скршат.+
ט [тет]
16 Подобро е она малку што го има праведникот+
отколку изобилството што го имаат мнозина зли.+
17 Зашто, рацете на злите ќе се скршат,+
а Јехова ќе ги крепи праведниците.+
י [јуд]
18 Јехова го знае животот на непорочните,+
и наследството нивно ќе трае довека.+
19 Нема да се посрамат во време на неволја,+
и во деновите на глад ќе бидат сити.+
כ [каф]
20 Зашто, злите ќе пропаднат,+
Јеховините непријатели ќе бидат како најбујни пасишта —
ќе ги снема,+ ќе исчезнат во чад.+
ל [ламед]
21 Злиот зема на заем и не враќа,+
а праведникот е милостив и дава дарови.+
22 Оние што тој ги благословува, ќе ја поседуваат земјата,+
а оние што ќе ги проколне, ќе бидат истребени.+
מ [мем]
23 Јехова му ги зацврстува чекорите на човекот+
и се радува на неговиот пат.+
24 И да се лизне, нема да падне,+
зашто Јехова го држи за рака.+
נ [нун]
25 Бев млад и остарев,+
но никогаш не видов праведник да биде оставен,+
ниту неговите деца да просат за леб.+
26 Секогаш е милостив и дава на заем,+
а неговото потомство го очекуваат благослови.+
ס [самек]
27 Тргај се од злото и прави добро,+
и ќе живееш довека.+
28 Зашто, Јехова ја сака правдата+
и нема да ги остави оние што му се лојални.+
ע [аин]
Тие ќе бидат заштитени за навек,+
а потомството на злите ќе биде истребено.+
29 Праведниците ќе ја поседуваат земјата+
и ќе живеат на неа засекогаш.+
פ [пе]
30 Устата на праведникот тивко кажува мудрост+
и неговиот јазик зборува праведно.+
31 Законот на неговиот Бог му е во срцето,+
неговите чекори нема да бидат несигурни.+
צ [цадик]
32 Злиот го демне праведникот+
и гледа да го убие.+
33 Но Јехова нема да го препушти во неговите раце+
и нема да го прогласи за зол кога ќе му биде судено.+
ק [куф]
34 Надевај се на Јехова и држи се за неговиот пат.+
Тој ќе те возвиши, и ти ќе ја поседуваш земјата.+
Кога злите ќе бидат истребени, ти ќе го видиш тоа.+
ר [реш]
35 Го видов злиот колку е насилен+
и како се шири како разгрането дрво на местото на кое е засадено.+
36 Но помина, и го нема повеќе,+
го барав, но не можев да го најдам.+
ש [шин]
37 Гледај го непорочниот и набљудувај го праведниот,+
зашто иднината на тој човек ќе биде мирна.+
38 А сите престапници ќе бидат истребени,+
ќе пропадне иднината за злите.+
ת [тав]
39 Од Јехова е спасението на праведниците,+
тој е нивната тврдина во време на неволја.+
40 Јехова ќе им помогне и ќе ги избави.+
Ќе ги избави од злите и ќе ги спаси,+
зашто тој е нивното прибежиште.+